дека (сврз.) - започне (гл.)

Оваа последна година, кога конечно прифати дека започнал да живее во воено време, во време на војна, тој ја согледа и ограниченоста на својата човечка природа и на она во неа што се нарекува разумно расудување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Застана, сфаќајќи дека започнал гласно да зборува. Кора јадеше забрзано.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Почувствува дека започнал да живее во некој вакуум, од кој нема да може да излезе сѐ додека клопчето на таа колективна судбина не се отплетка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Поаѓајќи од фактот дека започнав на овој свет како обично парче бело месо, завршувам со фактот дека сега сум жена која поседува сѐ што треба за да тргне на еден долг пат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)