дека (сврз.) - заспие (гл.)

Мајка му го виде дека заспал но не го разбуди. Само подобро го покри, да не настине...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А кога некогаш ќе го откриеше кучето по миризбата што го носеа со себе, тогаш тој се преправаше дека заспал или дека го фатиле силни грчеви во стомакот или го исчашил глуждот од ногата и не можел да оди.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Лежеше мирно и неподвижно и едно време на Мечета му се стори дека заспал.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Не, навистина не забележав дека заспал – му реков на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Постојат и такви денови: наеднаш ќе испливаш од големите тежини, или ќе помислиш дека си испливал, а всушност тоа е моментот кога клапнуваш а без да си свесен за положбата во која си се нашол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека заспав во истиот момент кога мајка ми излезе од мојата соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не паметеше ништо од сношти, ќе се зачудеше ако знаеше дека заспала на грб.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со три и три наизменично, малата, лагуна, живна; Одисеј, ракави, одмори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нора вели дека заспива со светло, во врева, меѓу итните извештаи од сестра ѝ полусоблечена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)