дека (сврз.) - згреши (гл.)

Целата таа ноќ не заспа. Само што ќе го навалеше дремка, едни те исти мисли дека згреши што се обложи, дека згреши што го спомена стрика Анѓела, дека којзнае што ќе излезе сега од сето тоа, дека кога ќе дознаат за тоа Максим и Костадин Дамчески крај нема да му има на срамењето, го штрекнуваа и го седнуваа во постелата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тој како и Кирилов увидува дека згрешил, па стравува дека еден ден ќе се урне неговата градба врз утописки темели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како секавица низ глава ѝ мина помислата дека згрешила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Додека тој се плашеше дека ако остане, некое утро ќе се разбуди покрај неа и ќе сфати дека таа не е таа, и дека згрешил, и дека не успеал да ја најде вистинската љубов, таа мудро ја прочита пораката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа. Едо се согласи дека згрешил, но без чувство на каење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа ѝ се чинеше дека згреши што му рече „Те молам“ зашто тоа звучеше како да му се нуди што впрочем не ѝ беше првпат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа се согласила дека е така и признала дека згрешила.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што има убаво во овој расказ? – си реков откако го прочитав целиот. – Не е убав, тажен е!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу јасен ми беше: мајка ми сфатила дека згрешила со мојот прстен, што не го ставила веднаш и ми ја уништила радоста на подарувањето, па ѝ било многу криво и жал, и седнала, го напишала сето тоа. Од збор до збор, цела вистина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислело момчето дека следењето од далеку и влегувањето во туѓ двор не е никаков престап.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со право ме праша „а што ќе се случеше случајно да заѕвонев на влезната врата и Ѓурчин лично да ја отвореше?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Најсетне и Иван самиот сфати дека згрешил. Ми рече дека непотребно избрзал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека сепак се повел по своите инстинкти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но старецот го погледна така што земјакот се заледи и промрморе дека згрешил.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, еден земјак, кој се беше вратил од север, и не беше слушнал за неговата смрт, замалку го препозна, ги рашири рацете во прегратка: „Матвеј Николаевич... Боже мил... Како си се променил!“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но видов, видов сега дека згрешив. Не требаше, не требаше, учителе, - и заплака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Учителката го изведе пред таблата, и јавно пред сите, го изискара, и го натера да се извини, да каже дека згрешил, дека другпат тоа нема да го прави и да ги врати сите работи што ги украл.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Виде дека згреши што ја зеде, и сакаше да ја остави.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)