дека (сврз.) - избега (гл.)

Пред самиот излез таа се запира подолго како да посматра еден цртеж, а всушност ја задржува чувството на бојазан да не се рече дека избегала ако излезе веднаш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се претпоставуваше дека избегал во Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Дека избегав од тебе, вели, дека те оставив сама.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По некој ден се чу дека избегал на карпата крај езерото и тука живеел во една од пештерите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
После го одврзавме човекот и го нападивме. По години, се разбра дека избегал во Америка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)