дека (сврз.) - мисли (гл.)

Изгледаше дека мисли оти е сосем природно што „ тие“ сакаат да те лишат од задоволствата, исто како што ти сакаш да одбегнеш да бидеш фатен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сетив дека мисли на тоа татко ми и учителката Вера да се земат, да стапат во брак.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Претпоставувам дека мислел дека сум му мајка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И, бидејќи ме чита дека мислам оти не е фер, тој се обидува да се оправда: „Дете, јас не им штетам, тревите секако ќе им помогнат, па ти не знаеш дека барем пола од нив се враќаат да ме почестат бонбониера и тоа од оние скапите, ’Гриоте’ и ’Бајадера’, полн ми е подрумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Реков дека мислам дека секој кој верува во „татковинска“ уметност е идиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реков дека мислам, иако за госпоѓицата, приватно, ме врзуваат искрени чувства.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја прашав дали ме сака. Рече дека мисли дека да.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На тој начин знаеја дека се живи, дека мислат еден на друг.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едноставно се усмерувам за да не се забележи дека мислам на она онаму, каде што има нешто. Има, толку многу, има.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Може само така да ми се виде дека мислев на него, ама целиот тој ми се стори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова го велам бидејќи не сакам да се помисли дека се обидувам да промовирам некое друго лице што ќе биде спремно да ги презема на себе и моите одговорности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар не беше сосема природно да си го замислувам па дури и да го зазборувам токму него кога за тоа ќе се создадеа нужните околности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно веќе сфативте дека мислев на татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека мислам на себеси кога го изговарам тој збор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таша и лично ја познавав но недоволно. Јас дури сега дознав дека таа имала и син.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков дека мислам оти не сум упатениот кој ќе може да го поведе кон неговата цел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ме погледнеше со неверување и со (зафркантски?) ужас и ќе ми викнеше: „О, не.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дечко ми ќе подзастанеше, попарен, додека му покажував некој кандидат и додека му кажував дека мислам дека е возможен или барем замислив избраник за мијалник.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но имаше други случаи – и тоа болни – во кои несогласувањата меѓу нас изгледа откриваа некои разлики во вкусовите што не беа релативно безболни, туку длабоки, незгодни, лично унакажителни карактерни испади, прекршителски незапазувања на став што го изразува вистинскиот родов и сексуален идентитет (главно, се разбира, од моја страна).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мал дел ни се видоа како возможни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Реков дека мислев оти нема да дозволам ниту една жена да ми се приближи. Па сепак, се случи и тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А јас во најмилото се колнам, дека не ги видов и дека мислам дека за тоа е виновна оградава која понекогаш се труди да нè исмее - рече Загорка Пеперутката и ми ја зачепи устата со пердувестата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Едно попладне го читав текстот од мајка ми што го испратила од Канскиот фестивал и се растажував, споменувајќи си дека таа ми рече на заменување: „Секогаш кога ќе читаш мои кански извештаи, знај дека некаде меѓу редовите е испишано, иако тоа нема да биде објавено во весникот, дека мислам на тебе и на Бреза и дека најмногу од сите деца на светот ве сакам“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знаеше дека мислат оти се сеќаваат на топлината, како руменило: на лицето, на телото, на рацете и нозете и треперливите прстенца.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Погледот ѝ беше како поглед на луд светец: опсесивен, телесно измачен, но не ми беше грижа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Всушност, мислев дека претерува. Се разбира дека мислев така.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас ја сакам тајландската кујна и сушиите и раковите со цимет и масното сувлаки на улица. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 152
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)