дека (сврз.) - носи (гл.)

Но кога Трајко му рече дека е испратен од селаните, а кога подвлече со особен тон дека носи и пари за тоа, владиката го промени тонот на својот разговор и му вети дека ќе им ја исполни желбата на селаните, толку повеќе што го познава човекот и лично, та сака и нему да му направи добро, верувајќи дека со тоа ѝ прави добро на црквата, на верата и народот, бидејќи Петко беше сигурен во секој однос.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За нив сите знаеја, и христијаните и Турците, дека носат оружје со себе, дека се во дослух со горските самовили и духови и, воопшто, со дивината според чии недофатливи закони честопати и се однесуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Јас те мислев дека носиш бомби околу појас, а ти саксија”, му рече Кочо кога приседнаа на една клупа во паркчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На сликата се гледа дека тој е облечен во долго црно палто, кое се нарекувало фрак и дека носи една необична, светликава шапка обликувана како ќунк за шпорет, која се нарекувала цилиндар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Забележала дека носи некакви необични чевли... вели дека никогаш порано не видела никој да носи такви чевли. Значи, изгледало дека е странец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите очила, нежните, немирни движења и фактот дека носеше старинско сако од црн сомот, му даваа некаков неодреден изглед на интелектуалност, како да е човек од перо, или можеби музичар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас си го мислам германски мајор, дека носи нивна униформа, а ваму тој ми зборува бугарски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А како вашата мајка реагираше на вашите книги? Мислеше дека тоа е опасно и грдо и дека носи проблеми.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сметале дека носат некој круши, таква работа, тие рабоќе. Си дошле дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)