дека (сврз.) - плови (гл.)

Му се чинеше дека пловат над него, се прекршуваат во снежната виулица, го стегаат срцето, воскреснувајќи од заборавот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Без напор, како далеку пред тоа еднаш, во едно детство, се сети дека плови по непознати простори, мал и згрчен, сиот наморничавен и неподвижен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледаше на таа страна и му се чинеше дека плови тој самиот, лесен и со празна футрола, и дека се што сретнува и што гледа е само остаток од еден одмна разбиен брод.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)