дека (сврз.) - попушти (гл.)

И затоа, во мигот кога видов дека попуштам кон него (беше тоа една летна ноќ, на кејот на Вардар во Велес, кога речиси водевме љубов), јас решив да го опоменам, да го навредам, да го оддалечам од мене; и јас ја предадов неговата збирка песни во Партијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Надењка најпосле попушта и јас по лицето й откривам дека попушта пред опасноста по животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Санката лета како куршум. Расечениот воздух шиба по лицето, рика, бучи во ушите, сече, штипе болно и гневно, сака да ни ги откине главите од рамениците.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)