дека (сврз.) - почне (гл.)

Не беше ли точно дека почна да стреми кон екстравагантен живот што го одвојуваше од мноштвото на неговото скромно и сиромашно стадо?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Кој ќе дојде на мое место?“ - прашува запрепастено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа димензија кај него, впрочем и кај нив, предизвикуваше взаемни симпатии.  Но, опиен од уживањето во првата, се чинеше апсолутна слобода, Цви не се обѕираше на тоа дека почна ја губи поддршката во својата нова заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На сите нив, од друга страна не им беа доволни зафати, зафатите врзани за подобрувањето на политичкиот статус на еврејската заедница, ниту неговата прва, а така благородна иницијатива, за обезбедување домови за сиромашните членови на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му држат лекција дека беше дрзок, дека почна да работи надвор од наредбите и интересите на Рајхот и дека заслужува казна за дрскоста да одржи тајна средба со новиот грчки прв министер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Алберт Реканати основачот на движењето Мизрахи со весникот „Месајеро” го обвинуваше Цви дека е асимилационист во однос на грчките власти и кукавица и затоа неспособен за функцијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се прашувам и ден-денес.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За да ги смирам моите пишував разгледници, измислував глупости, дека почнав да зборувам... Сите ми честитаа...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И во еден миг, кога му се стори дека почна да насетува на што го подготвува султанот, одненадеж го опфати треска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Излезе еден таков напис и во некој неодамнешен број на „Фокус“: таму се говореше дека почнал со некоја еквилибристичка точка со скала потпрена на небото; качен на таа скала, потпрена на ништо, свирел на саксофон една инструменталка: „Учи ме мајко, карај ме“, а завршил како трапезист, кој со некоја жена, мислам дека името ѝ е Ина Коленина, изведувал невидени вратоломии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше повеќе од очигледно дека почнавме да се повредуваме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сигурно е дека почнаа да изгледаат како да им е многу здодевно, а на крајот почнаа да го третираат предметот баш како и секој друг предмет по англиски што изискува многу читање и многу пишување семинарски.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога, на пример, за некој човек како за амалинот Сане, ќе се каже дека почнал да оди по воздухот, тоа значи дека тој, истовремено, ги загубил старите и добил нови својства.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И денес можам да кажам дека почнав да пишувам поезија поради Џони Штулиќ и дека кога повторно би излегла рубриката во „Џубокс“ во кој читателите ширум тогашна Југославија требаше да изберат нај-гитарист, јас би гласал за Влатко Стефановски и само за него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
VI. Кога почувствува дека почнал да му се кочи и вратот, сфати дека поминало уште време и дека се заборавил пишувајќи и размислувајќи седнат така во една поза, наведнат над папирусот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Знаеше дека почнал да ја гледа со поинакви очи бидејќи музиката што дотогаш ја носеше со себе одеднаш исчезна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Друго не знаеја, оти во последно време мрежата на селски поткажувачи се распадна – некој ги пробил базите на податоци во Министерството, им кажаа, и се слушаше дека почнале да ги ликвидираат, еден по еден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А некои и смениле страна, им се придружиле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој знак, од кој тврдам дека почнува мојата приказна, е патоказ од тврда, жолта и наместа згрбавена ламарина, испишана со кирилични букви: Франкфурт – натпис кој сериозно добро го погледнав додека автобусот кој ме враќаше од Скопје шмукаше бензин на пумпата пред родниот град.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во исто време беа истакнати сите знамиња и другите работи што одат со тоа и веќе можеше да се рече дека почнал испитот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше јуни. Методија јави дека почнал да носи материјал за гробот на Борко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не криев дека почнав да пишувам, тоа им го кажував на моите најблиски.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Шишман се исплаши дека почнал да загазува: - Знам јас, - рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А на Пандо во тој миг му се стори дека почна да се расплетува и расткајува заедно плетената и ткаена горчлива и чемерна судбина, сега небаре потсечена со срп.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја снема бучавата: правот полека легнува врз шумата и калдрмата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од македонскиот клуб ми кажуваат дека почнал големиот лов на луѓе и на Македонци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Други, пак, велеа дека почнал да се здебелува по првиот бакнеж со неа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И... ти Маркос, тука, пред сите нас велиш, дека сме го изгубиле фронтот, дека е отворен патот, со што навистина потврдуваш дека почна во овие, како што рече ти самиот, судбоносни денови, да, судбоносни, да губиш глава... да, Маркос, губиш глава....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Постојано ми се чинеше дека почнува на глас да се смее дури во моментот кога јас ќе ја погледнам, а претходно тоа не ѝ паѓало на памет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Или, за татко ѝ Јосиф кој го нервираше со молчењето, но кој со тоа покажуваше дека почнал да му се плаши, зашто неговиот сурат не е веќе сурат на чирак?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)