дека (сврз.) - предизвика (гл.)

И едните и другите се состојат од активности што ги прикажуваат дарбите на обични луѓе, на луѓе како нас, кои сепак прават исклучителни нешта – нешта што речиси секој може да ги прави до извесна мера, како, на пример, да фатиш топка или да пееш, и што, затоа, секој може да ги разбере, но кои мошне мал број луѓе можат да ги прават онолку вешто и величествено.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Корисниците тврдат дека предизвикува зголемување на мисловната способност, изострување на сетилата и понекогаш, ако се употребува во многу големи количества, халуцинации.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ајде, тогаш, да му се навратиме на нашено испитување на машката геј-женственост и да разгледаме некои културни практики и жанрови на дискурс кои не се толку сложени колку што е сложен цел еден холивудски филм, но чиј стил слично кодира својствен склоп од родови и сексуални значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе ги спротивставив различните родови положби во кои спортовите и изведбените уметности, соодветно, ги сместуваат машките изведувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи и спортовите и изведбените уметности важат за масовни разонодни занимања и за јавни приредби, може да изгледа дека предизвикуваат идентични реакции кај своите публики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)