дека (сврз.) - припаѓа (гл.)

- Потоа, се пронаогаш себе си, се идентификуваш на повисоко ниво, со групата на која мислиш дека припаѓаш.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ом okno.mk | Margina #15-16 [1995] 7 F ilippo Paul di blaster al ackerman Archiv e for t he ma il art C atego ry pos talnew sblog. com Во малиот темат за мејл-артот збутавме четири прилози, од кои едниот (за псевдонимите) баш и не сме сигурни дека припаѓа тука, но - Постои една личност со многу превези, ко Даркмен, а тука некаде веќе почнува и тематот за ВР.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури преку нив, преку мајките, преку мајките на мајките, преку мајките на мајките на мајките може да се рече дека припаѓаат на некој дамнешен корен, на корен од бескрајот до нас!.. до нас!... до нас!...влегувајќи во сон од илјадници бои!...
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не сакав тогаш на Луција да ѝ се спротивставувам па да ѝ објаснувам дека мошне често, наместо патриотизам луѓето се задоволуваат со еден вид културен примитивизам, и живеат како во полусон, убедени дека се патриоти; многу години подоцна сфаќаат дека примитивизмот на народните обичаи (во позитивната, културна смисла на зборот) не го определува нивниот патриотизам, туку дека е само еден вид културно алиби дека припаѓаат кон некое движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)