дека (сврз.) - располага (гл.)

Да расчистиме, тогаш, веднаш: не тврдам дека располагам со некој посебен, домородечки увид што ме ракоположува да им кажувам на луѓето како да бидат геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој ми одговори дека, за жал, не може многу да ми каже за она за што се интересирам, освен дека располага со една многу кратка дописка објавена во „Цариградски весник“ од 12 март 1861, во која меѓу донаторите за читалиштето во Ресна стои и името на Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако се исклучат основните белези за Келн, дека е град кој се ближи до еден милион жители и дека располага со над 300.000 коли, град во кој се гради подземна железница и дека е еден од најголемите трговски центри кој се наоѓа на крстопатот на сите северозападни пазари на Германија, тогаш останува да се рече и тоа, дека е тој организатор на разни саеми и изложби, повеќе од меѓународен карактер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„И јас читав, Нина, ама таму не пишува дека располага и со богата библиотека, тоа ти го велам од лично искуство.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)