дека (сврз.) - свири (гл.)

Дали затоа што немав никого друг слушнато како свири на клавир, освен ретко тетка Надежда од деветти кат, и тоа ако е ептен расположена, или затоа што Мила навистина знаеше добро да свири, мене ми се чинеше дека свири најдобро од сите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прочуен беше колку дека е учен, толку и дека свири на гајда и пее како никој друг.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Реков дека пишувам песни, одлично вежбам на разбој и дека свирам саксофон (младите во тие години мислат дека се сестрани) и дека од тие три нешта ќе изберам едно за моја професија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Никако не сфаќав зошто тетка Вале често ѝ свикува за време на вежбањето дека греши, кога јас никаква грешка не забележував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)