дека (сврз.) - слушне (гл.)

Додека трчав мислам дека слушнав како Б.С. ме советува да ѝ речам на девојката дека денес немало симиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми рече дека штом го предлагам тоа јас, дека мора да има смисла, дека тој во тоа не се сомнева, дека јас сум му бил гаранција, дека слушнал оти сега сум бил во тој крај, дека весниците пишувале за тоа и дека и тој ги чека моите големи и градителски, но исто така, и книжевни дела.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никакво чудо не е да сме предадени, — и се заслушаа сите: ќе чујат ли и сами некаква бурија. И не се излагаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
* По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал аскерска бурија откон Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тетин ми ја подигна едната веѓа сакајќи да ми укаже на тоа дека слушнал, а тетка ми заниша со главата и констатира дека веднаш мора да јадеме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Затоа одговорил дека слушнал, а на следното прашање одговорил дека гласот бил машки.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Стана? Ајде, симни се долу, уште малку ќе одиме на гости кај тетка ти Марија, - рече и се затвори внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Властите испратија абер во Потковицата дека пребегале во Бугарија, но никој до денеска не се јавил да каже дека ги видел или дека слушнал од некого оти нашинците се најдуват таму, во Бугарија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)