дека (сврз.) - тоне (гл.)

Тогаш тој почувствува дека тоне, исчезнува, и дека одвај ја задржува и нејзината омлитавена снага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Арсо малаксано се опушташе на леглото, а му се чинеше дека тоне во задушлива празнина и врз лицето му се дипли сребреникава пајажина која му пречи да дише...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чувствував дека тонам; сонцето беше сосема ниско паднато во пејсажот, и сите нешта беа обоени со сосема чудни, невообичаено згаснати бои; како да висеше нешто во воздухот, некаков електрицитет; чувствував и некаква телесна возбуда; во еден миг го повлеков Лудвик кон себе и потем долго се бакнувавме на пругата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зад напластеното сивило, ликот на еден Фројд стануваше нејасен и тој, Иван, почувствува дека совршениот механизам во него се руши со татнеж, дека тоне во црна недогледност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)