дека (сврз.) - умира (гл.)

Го најдов дома, се проѕеваше, се тегнеше, се моткаше, како и обично, преправајќи се дека умира од здодевност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но кога виде дека умира завеана, смрзната во снегот, се довлечка до куќичката на Буба и со слаб глас повика: - Помош, помогнете ми...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога понекогаш ги рапрашував за смртта и умирањето, ми објаснуваа дека умираат луѓето што се многу болни, или многу стари, а дедо беше сосем здрав и изгледаше, како што велеше тато, дека ќе живее уште најмалку дваесет години.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога вака ќе се стрелнеше ѕвезда по небото баба му велеше дека умира некој човек.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Непрекинато, а особено по најавите дека умира, Лири е претрупан со писма од обожавателите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)