дека (сврз.) - умре (гл.)

Инаку за никој од нашите пријатели немаше да бидеме сигурни дека умрел.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бев опседната со твојата смрт, од болното сознание, не дека умре, тука начинот на кој умре, со денови измачуван од болеста.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се знае не само од документи, туку и од раскажувања од колено на колено, дека умрел како голем богаташ“. „За тоа знам и јас“, реков.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рекоа дека по долги години аргатување, срцето му попуштило и дека умрел без да сети, во сон.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Официјално, беше жртва на крадците, но чувме гласини дека умрел од овердоуз.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Утредента моите ми соопштија дека умрел, замолувајќи ме да се погрижам за Бреза која сè уште знаеше дека дедо е в болница.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Владеела некоја очна болест, не знаат точно каква; според кажувањата, мене ми се чини дека умрело од леукемија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во дневниците на Кралот беше запишано дека умрел од треска.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Кога заврши веселбата, што траеше и ноќта, рано изутрината удри камбаната полека, тажно и огласи дека умре Илко.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Богуле го слушаше отсутно и одвај чекаше да запре со зборувањето управникот, зашто знаеше дека тука не се работи за тоа дека умрел татко му, туку телеграмата е само можност, изговор да го ослободат од училиштето и интернатот, да го пуштат наколку дена дома, како тогаш што го пуштија кога му јавија дека дедо му е на умирање.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога чувме дека умрела, се сетивме и за мочањето во јазот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓутоа, застапникот на писателот во Буенос Аирес изјави дека Борхес умрел поради рак на црниот дроб и дека неговата вдовица Марија Кодама е единствен наследник. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 228
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
4. Тешко му оному кој плаче, бидејќи веќе ја стекнува бедната навика да лелека.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Хорхе Луис Борхес ДЕЛОВИ ОД АПОКРИФНОТО ЕВАНГЕЛИЕ 3. Тешко му на сиромавиот со дух, бидејќи под земјата ќе биде она што е сега на земјата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Европските весници објавија дека умрел од емфизем на градите или од срцев удар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)