дека (сврз.) - успее (гл.)

Но мислам дека успеав со нив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога дојде во С. во врска со водоводот, беше расположен, дури и повеќе од тоа, зашто мислеше дека успеал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе три години веруваше дека успеал да ја најде вистинската формула за соживот, дека успеал да научи што значи меѓуетничка толеранција, а богами да ги научи и другите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие само се смееја гласно, а тој знаеше дека успеал, со лицето, со очите, да им каже дека е сега многу, премногу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше нешто неизменливо во секого од нив, Змејко не можеше да ги прифати, а сега чинеше сè само да ги ослободи од оние нивни мисли дека тој ги има, да не се чувствуваат купепи, и изгледаше дека успеал.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во моментот кога Карл беше сигурен дека успеал да го стави писмото во џебот на панталоните, тоа веќе се наоѓаше во раката на Марша.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во еден момент, кога те сретнал тебе и се вљубил во тебе, поверувал дека успеал во тоа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Барем тогаш мислеше дека успеал да го победи тоа во себе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во очај и паника да направам нешто за да не искрвави до смрт со многу напор ја сместив таму каде што верував дека успеав да и обезбедам нега.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ја сместивме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се разбира посакав уште веднаш ова мое откритие да му го соопштам на иследникот Роман Гигов Грофот, но тој, задоволен дека успеал да ме предизвика, изигруваше некоја чудна неприсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше изненадена. Мислам дека успеав да ја забележам малата збунетост во нејзината насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во еден момент ја забележав дури и неговата сенка како се протега низ отворениот прозорец за да го премести од мојот поглед преостанатиот дел од тврдината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Тргна по оној пат – ја предупредив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека успеав во тоа. Не знам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А тој седи, ме гледа, дури и чашката ја тргна од устата, помислив ми ги мери зборовите, и јас, зошто да кријам, уште веднаш поверував дека го отрезнив, дека успеав со неколкуте зборови да брцнам во азното на суштината; дека ми појде од рака да ги закопам тие негови проклети бубачки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Холанд мисли дека успеал да пронајде еден можен одговор, инспириран од истражувањата на Роберт Акселрод во врска со проблемот што е познат како Дилема на Затвореникот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)