дека (сврз.) - вам (зам.)

Уште еднаш, јас разбирам дека вам ви е чудно што на вашата книга ѝ се дава таква интерпретација, но тоа не е за чудење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сепак мислам дека вам ви изгледа малку гломазен.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Притоа должен сум да ве потсетам дека другарката Цвета Басотова тврди оти многу ретко го носела тој ѓердан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или се случило на туѓ врат да видите сличен на нејзиниот гердан, или, што е уште поразумно, дозволете да заклучиме дека вам само ви се причинило оти ја имате видено истата скапоценост на вратот на секретарката на другарот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или како ние тројцата седевме на терасата, и јас знаев дека вам до плачење ви се сака јас да си отидам, а јас седев во плетената лулка и си го читав Тургењев, а вие пак седевте на каучот, а јас знаев дека штом си отидам ќе се бакнувате, и затоа не си одев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Или дека само нам ни е овде местото,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа докажува дека вам овде не ви е местото.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)