дека (сврз.) - нас (зам.)

И после разбрав дека нѐ сметаат за кучки, излезени на пцорање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Воопшто не ја болеше глава за тоа дека нас олуглавите нѐ пржеше летното сонце и нѐ гореше жед.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше многу деца од многу села, но јас знам дека нас од нашето село нѐ качија во еден товарен воз и нѐ однесоа до унгарската граница...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ама ти запамети за понатаму. Можеби ова не е првпат дека нè лажеше, но добро ќе е ако биде последен пат.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Е, сега, не знам, вели, дали генералот знаеше дека нѐ лаже или и него го излажале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Добро си се решила. Сестра ми и зетот велат дека нас најмногу нѐ сакаш, па дури и не ти текнува да дојдеш кај нив. А и сваќата не си ја видела од свадбата.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)