дека (сврз.) - некому (зам.)

Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Секоја вечер сè исто си траеше По навика стекната и без да се сети Животот и врви, споменот му штети Можеби мисли дека некому се свети?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Реков: - Извини, братче! (Ова извини братче ми се јавува штом ќе почувствувам дека некому сум му згрешил).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Слободата е секојдневен предизвик, а триумф е кога мирно ќе заспиеме без грижа дека некому нешто должиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да бидеме номади со пустински шатори и цигански черги, со насмевка на усните, сјај во очите и милост во срцата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)