дека (сврз.) - нечиј (зам.)

Знаел дека личното всушност е политичко, то ест, дека нечиј став за другите луѓе длабоко обликува, и дури создава, општествено политичка реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс сакал да ги обвитка со постојана топлина, да ги лулка како бебиња, како што и самиот се обидувал со топлина да се заштити од внатрешната и надворе­шната болка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На пример, во Бериевиот парадокс извесен број се покажува И како дефинирлив И како недефинирлив, а слично е И со останатите парадокси на дефинирливоста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште еднаш преку моќта дијалектички да пресврти некое очекување, поразот да го укине со психолошка реалност, тој ја покажа својата важност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да се допушти дека нечие гледиште е нонсенс е најпроклето самообвинување - особено кога е јасно дека гледиштата, колку погрешни И да можат да бидат, се разумни И отттаму не се нонсенс.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас не можам да се согласам со оваа линија на мислење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој ја вртеше песнарката, ја отвори и почна да чита на глас; ме понижуваше така што читаше бавно стих по стих, и потем се смешкаше; ме прашуваше со потсмев во очите што сум сакал да кажам со ова, што сум сакал да кажам со она; па како може ѕвездите да шепотат, па како може вратот на некоја девојка да личи на кула Давидова; па како е можно устата да биде како калинка а градите две срни меѓу кринови; па зарем не е глупаво човек да каже дека нечија коса е како стадо кози, и слично и слично.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Онисифор Мечкојад почувствувал дека сите се сложуваат со другиот Онисифор, дека нечија крв крева ѕид помеѓу нив. Но тоа не го возбудувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штабот на бригадата најпрвин гледал без разбирање во човекот под мантија како во чудо дојдено од старовремски атари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А покојников ти тежи зашто не живееше со татко ти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело да се претпостави, доколку жилавиот старец не се споулавувал, дека нечие умеење пресметано уфрлува меѓу неколкуте стотини шаренолико облечени доброволни војници провокатор и гестаповски шпион.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истоштениот чувствувал на овој пат дека видовитоста не му е туѓа, дека за чудовиштето што ги следело ноќе знае повеќе од другите. Ја нишал главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Боцките околу устата наутро му биле остри и можело да се поверува дека нечија рака кришум му ги сади на лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И додека најмалиот со зачуденост на детински невиното лице му притрчувал да му помогне и да го исправи на нозе, фрлајќи ја пушката во недораснатоста да сфати дека нечија невидлива цевка внимателно му го бара челото покриено со густа коса или лицето или градите ослободени од секаква тежина на зимска облека, другите шестмина од скок се фрлиле на земја и заревеле или одмазднички или охрабрувајќи се меѓусебно без заштита и на најмало камче пред очите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)