дека (сврз.) - оние (зам.)

Тоа мошне ефектно го направил произведувачот на спортските патики Avia, кој како „spoke person“ го изнајмил американскиот актер и фудбалер Брајан Босворт (Студен како мраз).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, кога станува збор за радиото, сегментацијата е мошне разнолика: искусните радиски луѓе велат дека има значајни разлики меѓу „клинците“ од 13-18 год. и оние од 18-25; понатаму постојат категории, шминкери, уметници, панкери, пчелки и „обични деца“!? 112 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со идеја до целта Веќе е класична изрека дека оние што се занимаваат со реклама мораат да научат, наместо со сачмарица, да гаѓаат со снајпер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На тој начин Avia гаѓаше една помала, точно дефинирана целна група потрошувачи, и со тоа себеси се позиционира инаку од конкуренцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Major selling idea“ (главната продажна идеја) така стана клучниот камен при конципирањето на мозаикот на огласната стратегија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во една мошне агресивна, дури брутална, поза, актерот препорачуваше дека оние што патиките ги користат за да ги стават на масичката додека гледаат ТВ, или да прошетаат до фрижидерот, или за да ги „покажа“ - тие ни случајно не треба да ги купуваат авиа патиките!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така, излегува дека оние што сакаат да се разберат разговарајќи, мора прво да се ислушаат, потоа да го протолкуваат кажаното, за да на крајот го интерпретираат сознанието или како што стои кај Хајдегер, специфичното однесување кон стварноста (методот не оди подалеку од оној кој се користи во разбирањето на текстот - уметничките дела).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Викаат дека оние шо не глеале фудбал биле гејеви. Опасна грешка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во овие моменти погледнував на брзинометарот, малку подзапирав и помислував дека оние што ме преминуваат возат над 200 км на час...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Грот: Изгледа дека оние „класичните” елементи на андерграундот сосема си ги избегнал. 118 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Најтажна е помислата дека оние на кои некогаш им требаше твоето друштво, излезе дека било одвишно и пакосно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дури кога го затвори вратничето на запалената печка му текна дека оние двајца можат сега да мислат и на тоа оти ќе треба да отпатуваат сами во селото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Токму како што стрејт-мажите што сакаат бродвејски мјузикли мораат да потрошат одредена енергија за да ја совладаат сомничавоста на која природно наидува нивното тврдење дека се хетеросексуалци, како што посочува Милер, токму така и во случајот со геј-мажите, „иако не се сите“ и иако „ни повеќето не се“ вљубеници во Бродвеј, тешко дека оние што не се вљубеници се поштедени од стереотипот што упорно настојува дека се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најупадливиот и најкарактеристичен израз на тоа чувство на надмоќ е тврдоглавото одбивање да се поверува дека, всушност, си рожба на поединците што тврдат дека ти се родители.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Четири години пред Фројд да ја забележи и да ја опише генеричката верзија на неговата „семејна романса“ – фантазијата на детето дека оние што го одгледуваат не му се вистински родители и дека вистинските луѓе му се од поблагороден и пораскошен свет од оној на неговото наводно семејство – Вила Катер веќе имала дијагностицирано таков геј-случај кај Пол.257 ‌Раскажувачот на Катер ни кажува дека штом Пол допатувал во Њујорк и си се сместил во Волдорф, мошне бргу почнал „да се сомнева во вистинитоста на своето минато“. ‌Знаел ли тој некогаш за место по име улица Корделија, каде што окапани деловни луѓе го фаќале утринскиот превоз?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откако Милка и Пелагија се одлепија една од друга, откако им се исушија солзите, оставајќи траги по нивните лица, првата можеше да го претстави своето момче и да се пофали дека оние две машки дечиња што креваат најмногу врева и од кои поголемкото е старо колку и нејзината Пеличка, се нивни, И по суратот се познава дека се наши не само по бојата! рече Милка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)