дека (сврз.) - секому (зам.)

Божјата премудрост си соѕида храм во неговото срце и на јазикот негов како на херувим почиваше секогаш Светиот дух разделувајќи дарови според верата, како што кажуваше и апостолот Павле дека секому од нас му се дава длагодет како што дарувал Христос.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
- Шепотев, а бев вслушан во препознатливиот тропот на тврдите грутки врз сандакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ох, да не се потсетувам на поговорката дека секому најдраго му е да му цркне козата на комшијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Знам - ѝ велев со мојот возбуден шепот - навистина знам дека секому му е јасно дека не постои постапка или однесување што би можело покојникот да го охрабри или не дај боже да му напакости?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)