дека (сврз.) - те (зам.)

Имам само 14 години, а веќе сум висок 185! (Од фрижидерот вади шише до пола наполнето со млеко) За само 3-4 години ќе имам повеќе од два метра!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јака е како коњ. Внимавај на неа. Кога сте сами немој да се напиеш.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: О, не! Сто пати сум ти кажала дека те сакам само тебе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ти беше онаа што се справи со четворица на оној таван во вилата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета (Го бакнува): Дики, мислам дека те сакам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики: Која беше онаа?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А ти, Дики, имаш 30 години, висок си 124 сантиметри и многумина мислат дека те згмечил лифт!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ха, неверојатно! Кога ќе им кажам дека те сретнав ќе кажат дека се просерувам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зошто мислиш дека те држат во таа кал ако не за да папсаш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А потоа додаде: „Знам, дека те мачи“, рече, „крајот на животот на Никола Поцо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така и самиот рече. „Јас“, вели, „знаеш дека те поштувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во вакви моменти сеќаваш дека те опфаќа некаков страв за она што се случувало и за она што можело да се случи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Коле ме напукнува: „Па нека ја, нека ја, Јоле, гледаш дека те сака.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кажи му како шо зборуаме овдеа, дека те најдоме на патот, те врзаме да ни a кажиш Сивевата кула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако сме живи нема да те заборавиме — заврши Толе и се прости со Тодора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога си далеку Кога си далеку, пролети утринум се покажуват ветрови кои умеат да гатаат, ќе те допрат, ќе те помилуваат, ќе ми ја поземат раката и ќе ни речат: еве, сега ќе ти се јави мајка ти.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Знае таа љубовта кон тебе дека те прави неранлив. На Големото заминување - мали се сите неба... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
ТИНТО: ИМАЛ НЕМАЛ КИНТО ако некој ти викне еј лафе знај дека те вика на кафе срк кафе за бате рафе срк срк и за дада дафе имал немал кинто викни сега едно тинто тинто не срк од финто тоа знае секој пинто в зори нејќе тинто минто в зори сака кафе тинто сака целуф вкус на линто јазик жежок здив на тинто додај млеко чоколадо нека врие и пинтадо сркни троа пред пикадо после меркај нешто младо тури млеко бре енрико капка кафе дон перико седни в кола тико тико трк на кафе рико рико кола цркна служба влече цупкај голтај кафе кон лече машко женско волче мече душка гушка сал кон лече.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Гледаш дека те обвинува.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Воодушевен од патетичната глетка, ја слушам неговата песна. кога ќе забележиш дека те нема и продолжиш да чекориш како ништо да не било како сенка залепена на чевлите што одат во место во ритмот на навиките и погледнеш во огледало стакло или поток и кога ќе забележиш дека и таму те нема измени го светот и изненади кај не очекува затоа што те нема Натоварен со желба за муабет и римување, влегувам во станот на мојот буквално стар пријател. 58 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Немаше ништо, не успивно ами успокојувачко, во редовниот ритам на тркалата кога се потресуваа при спојот на шините, зашто над дремката преовладуваше свеста дека те носат некаде каде што сакаш да бидеш или каде што не си бил.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Те сакам онака едноставно, наивно, додека мислиш дека сѐ уште чекаш, да не забележиш дека те обожавам, во страв дека во таа љубовна река твојата љубов ќе пресуши, како што те сакав досега. Оддалеку.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Си немал контрола ни над сопствената мисла, па затоа не си можел да ја следиш за да дознаеш кога заминала, каде, зошто го сторила тоа, по чие барање или наредба?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, дека те растев. Секој час. Секој ден.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За што друго со сигурност би можела да тврдам дека заземало значајно место помеѓу она што требало да се запамети?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ох, зар треба да размислувам! Најпрвин тоа беше онаа радост, дека те носев под срцето. Тебе!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се преправаш дека те збунува болката поради божемната отсутност на насмевката на мајка ти; дека те измачува недофатливоста на нејзините зборови и тоа сега, додека упорно настојуваш да го допреш со својата помисла ликот на таткото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А мене ми беше многу тешко дека те нема! - пак вика Даме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На самата помисла те потресуваат морници и чувствуваш дека те облева студена пот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Те повикав затоа што те сакам, мислам дека те сакам, и сакам да се сретнеш со некого.“ „Се разбира“, реков.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кој е тој? Таа се двоумеше, причека за момент, како да знаеше дека отишла предалеку. „Мојот лекар“, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Мислам“, рече таа, „дека те сакам.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби сега почнувате да размислувате за мене, но не ми е грижа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Сакам да го сретнеш Мајкл. Мајкл Малоне.“ „Добро. Кој е тој?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден месец заедничко излегување и еден сув конфузен бакнеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му реков: „Ист си како твојот татко. Не оној кој те одгледал, туку оној крадецот, кој штом слушнал дека те зачнал, побегнал од онаа во чија утроба го фрлил своето семе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ист си како твојата мајка. Не онаа која те пораснала, те научила да свириш на пијано и која те учела да ја сакаш поезијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пропелтечи дека те спомнале на радио, но по кој повод, не можевме да дознаеме.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таткото со насмевка го погали по косата: „Да, навистина го мислев тоа, што не значи дека те сакам помалку.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А дада мислеше дека те прегазил некој автомобил, дека ти се случило нешто!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Не! Далеку од тоа дека те обвинувам за нешто што е моја грижа. Но, само ја откривам причинско-последичната врска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Претседателот на задругата, командирот Борис ми спомна дека те видел како излегуваш од црква.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Или пак, ако мораа и да заноќат, тогаш тука во неговата близина, сега ќе постоеше некој друг, кому би можел да му речеш нешто секој миг; кому, ако ништо друго, би можел барем да му помогнеш, а тој, ако не со збор, тогаш барем со некое движење, со некое одмавнување, би можел да ти одговори, или барем да ти даде знак дека те чул.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Дека избегав од тебе, вели, дека те оставив сама.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Знам дека те боли, му велам, ама не знам како да ти помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Од каде знаеш дека те бранам? - Ете, знам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега ние љубов си водиме, но тајно, а јас сакам цел свет да знае дека те љубам, затоа што искрено те љубам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А незнаев, незнаев дека те повредувам.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Те бараше и преку весници, а најмногу јас имав мака бидејќи мислеше дека те кријам...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И откако видов дека те нема и откако дознав дека живееш со други жени, ме фати силна жал и јад и со денови и ноќи плачев, и во силната омраза кон тебе што досега ти останав верна додека ти си го тераш ќејфот, во бес и очај, решив и јас да ѝ дадам одишка на душата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мислев дека те разонодува, велам јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По некоја минута ми рекоа дека те освестиле, дека сѐ е во ред, највероватно е некоја алергија од кивите, можеби беше тоа, не сум сигурна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Докторите рекоа дека те ставиле на машина, дека си во кома, речиси никакви шанси да се повратиш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како да те бараше, како да чувствуваше дека те нема. И тоа тагуваше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како и друг пат што правев кога не беше свесен дека те гледам, пак пред себе гледав измачен, блед, слаб лик.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Марко спиеше по цел ден на фотелјата покрај твојот кревет, чувствуваше дека те нема и тагуваше по тебе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сега, штом знаеш дека те чека Карл, верувам наскоро ќе нè викнеш да те земеме - рече сестра ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Марша, знам дека те измачува што не забременуваш - се обиде сепак еден ден да разговара со неа, Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ЃОРЃИ: Сега рече дека те гледал.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
ЃОРЃИ: Ти не знаеш дека те гледал?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Само што втасав дома ми јавија дека те привеле – го заврши диктирањето Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Молчев. Бев и премногу свесен дека објаснувањата со кои располагам не се употребливи за оправддување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И ете, јас, како што гледаш, со добро ти велам дека те бара, а зошто, изгледа само тој знае.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тропаат поткованите цокули на Коста, шушкаат скинатите опинци на Кузе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можеби не те разбираше бидејќи не беше сигурен што сакаш, каква ти е намерата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби беше зачуден од твоите постапки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Никогаш не го слушнав дека те осудува за она што ти го стори, за патот што го избра!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Коле ме напукнува: „Па нека ја, нека ја, Јоле, гледаш дека те сака“.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Не, сфатила дека те нема и во октомври веќе не поминуваше низ нашата улица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби ќе проверат и кога ќе видат дека те нема, кој знае како можат да те казнат... рече со растреперен глас. – Изврши смена на стражата и врати се.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Вели дека те разбра.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А ти, како рече дека те викаат дома? - Циљка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да знаеш само колку се загрижува кога ќе му кажеш дека те гуши астмата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мислев дека те најдовме, Сендии, но ти всушност нѐ најде нас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Вака, сè си мислам дека те зачудувам со моиве раскажувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да го слушнеш неговиот глас како ти вели: Добро утро мила, знаеш дека те сакам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- А мене ми беше многу тешко дека те нема! - пак вика Даме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)