дека (сврз.) - тебе (зам.)

Знам дека тебе сега ти требаат пари.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Атмосферата не е баш сјајна, но, ете, јас одам на некои ликовни колонии, можеби баш и не сум најкомпетентен да ја просудувам атмосферата... Знам дека тебе тоа ти е најважно и извини што дури сега зборуваме за она што е всушност придвижувач на целиов овој разговор, и што пред сѐ те легитимира - твоето творештво.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Еве“, му рече. „Ти донесов фотокопија од еден документ што јас не можам да го искористам, но се сетив дека тебе како на писател можеби ќе ти биде интересен...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Твојот хороскоп вели дека тебе те следи среќа, човеку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Признавам дека тебе кога сум те почул не ми излегло ништо лошо. (Чукање на портата). Кај нас некој како да чука?...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Мислев дека тебе ти е јасно – продолжи по куса пауза – какво значење за мене има „мојот свет”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ми рече дека тебе ќе ти го подари кога ќе пораснеш, а јас ѝ објаснив дека, ако стори така, тоа ќе значи дека ние двајцата еден ден сигурно ќе се сретнеме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Така некако.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Такво е значењето на тој прстен и јас верувам дека ти некогаш ќе дојдеш, или во Гоа, каде што сме во текот на зимата и пролетта и ги продаваме кашмирските килими, или можеби во Кашмир, каде што твоите не биле, а рекоа дека толку сакаат еден ден да дојдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку пати тоа сум ти го објаснила и бев сигурна дека знаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сакаш да кажеш дека тебе ти недостига родителска строгост, ако добро те разбрав?!?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А јас пак сакав да те подготвам тебе, се плашев, дека тебе ќе те фати хистерија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Грета: Еди! Мирен! Мирен! Земи колаче! (Од кеса вади колаче и му го дава. Еди го лапнува)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики: Сладок е. Го сакам. Но мислам дека тебе те сакам повеќе. Се бакнуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И долгогодишната кореспонденција помеѓу Гете (Goethe) и вајмарската дама Шарлота фон Штајн (Charlotte von Stein), мажена госпоѓа со седум деца, ја доживеала својата драмска транспозиција: пред некои триесетина години германскиот драматичар Петер Хакс (Peter Hacks) напишал успешна монодрама со долг наслов Разговор во куќата Штајн за отсутниот господин Гете, која со голем успех се изведувала на многубројни европски сцени; во тие години на подем на таканареченото женско писмо, актерките просто уживале да ги екранизираат пустите машки мани на големиот светски класик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Макар што тоа никогаш не го формулирала експлицитно ниту тогаш, ниту во другите свои писма, што Ти ги испраќала с до 24 декември 2002, кога соопштува дека повеќе нема да се јавува, туку Те остава под закрила на твојот имагинарен ангел чувар... оваа внимателна читателка на Твоето книжевно писмо целосно е убедена дека тебе те создала и те промовирала во писател токму силната љубов на Твоите родители, под чија сигурност и закрила живееш и сега, години по нивната смрт.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И да не продолжиш да ја запишуваш, посветувајќи и се целосно!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)