дека (сврз.) - автор (имн.)

Човек е во искушение ова дело да си го претстави како катедрала од хартија и мастило, меѓутоа со оглед на тоа дека авторот потекнува од една повеќенационална средина, замислената претстава, споменатата градба, би требало да се поврзе колку за католички и за православни култни места, толку и за џамијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Избрзување би било, мислам, да се заклучи дека авторите на втората низа коментари го поздравуваат малтретирањето деца или дека одобруваат посвојување деца заради публицитет или заради напредување во струката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
–– P.S. Морам у старт да кажам дека авторот на книжулево не се слага со сите ставови на Митре Стрелата, посебно околу eгејското прашање.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Мајка ми објаснуваше дека авторот бил инспириран од тешката судбина на децата бегалци и сликал прикази и детали што асоцираат на нивниот мачен живот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секако дека авторот и тоа го пренесе во својот зелен „тефтер“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога двајцата зографи ќе побараат нараторот- поет да им ги ископа очите („за да не гледаме што уште ќе се случува“) јасно е дека авторот нѐ воведува во едно апокалиптичко финале: „Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трубат ангелските труби најавувајќи огнови, скрб и студ.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На Еда Бранов, писателот, не му требаше многу да се досети дека автор на овој идентичен ракопис не може да биде некој друг освен оној Методија на Јосифа Јовановски од Брајчино.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во исфрлениот вовед кој претставуваше интегрален дел на соопштението, (се чини дека авторот во последен момент заклучил оти таквиот приод кон темата го нарушува научниот пристап), професорот Седларски објаснува дека мотивот за јавно промовирање на материјата што му ја нуди на ценетиот собир бил многу животен, што значи бил поттикнат од конкретни случувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)