дека (сврз.) - бог (имн.)

Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се сети дека боговите диктираат и судат, порасна високо над нив, преголем да уверува со грмотевици, па сакаше да ги сожалува (не можеше) и сакаше да им се смее (не можеше ни тоа).
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Та нели искушенијата ваши само покажуваат дека Бог правилно ве проценил и оти вистина сте достојни да го наследите царството Негово, за кое и страдате?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така и Пелазгиј: почна да се крсти (а всушност бура беснееше во него), попелтече дека не е така, дека Бог му е свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми велеа дека Бог не постои и да не го пишувам со голема буква, а знам јас дека Бог е всушност во причинско - последичните односи во светот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Нејзиното однесување ме потсетуваше на мојата мајка и на односот кон нас, нејзините чеда, која често велеше дека бог ја испратил во животот за да ги спаси своите чеда!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку повеќе беа убедувани во непостоењето на бога, овие луѓе во повоените години на комунизмот толку повеќе веруваа дека Бог постои преку испратените кози за овде да продолжи животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нејзиното бекташтво е олицетворено низ суптилитетот на сентенцата дека Бог е таму кадешто го повикала добрината:
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Грижата за светите книги ѝ ја остави на Мајка, а таа на секого од тројцата синови им даде да носат по една света книга, кој Библијата, кој Куранот, кој Талмудот, верувајќи дека Бог ќе ги спаси кога ќе ја минуваат границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Остануваше во своето верување од светите книги дека Бог никогаш не ги изневерува трпеливите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)