дека (сврз.) - брат (имн.)

Но би, што би... Тогаш, кога требаше да му најдеме погодно име на козлето, на татко ми му беше јасно дека брат ми длабоко забраздува во политиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По неколку дена, отако се дозна дека брат ми Спиро отиде во партизани, дојдоа монархофашистите од Лерин и ги зедоа татко ми, мајка ми и снаата, трудна шести или седми месец, брат ми Ѓорѓи и брат ми Јане.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој Цале Ангеловски кој го спречи татко ми да оди за Србија го предаде татко ми на монархофашистите, а им кажал и дека брат ми Спиро е партизан.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Даниел веднаш виде дека брат му Френк го размачкува малтерот врз еден дел од сенката на девојката, што паѓаше врз ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оживеа од слатката надеж дека брат му ќе умре, се насмевна и ги протри рацете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И додека ми даваше леб и сирење, полека, - збор по збор ми кажа дека сите мои и татко и сестрите и братот ги собраа, значи ги мобилизираа, ги пратија на фронтот и дека брат ми загина...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Можеби е шољата за тоалет со казанче најголемиот изум на човечкиот род по тркалото, но само во поглед на техниката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми веќе не излегуваше да прошета со мене, ниту пак играше надвор со своите врсници, затоа што им беа поминати годините на игрите; неговите пријатели понекогаш доаѓаа во неговото сопче, а кога тој излегуваше да посети некого од нив, мама доаѓаше кај мене и велеше: “Денес е убав ден,” ги поттурнуваше завесите и го пушташе сонцето да влезе во собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отидовме во Големата сала, таму беа расфрлани костимите кои ни ги беа позајмиле од Бургтеатарот, а кои стоеја неискористени затоа што сите сакаа сами да си ги осмислат облеките. „Еве,“ реков, „ова е за тебе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ретко го носеа кај Зигмунд. „Дедо можеби сака да го посетам,“ рече кога Матилда го доведе кај нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас претпоставив дека брат ми се преоблекол и се свртев: тој веќе беше во своето одело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа знаеше, не само по тоа што наутро при неа во кујната почнав да доаѓам дури откако ќе слушнев дека брат ми заминува во гимназијата, а се повлекував во спалната што ја делев со моите сестри пред тој да се врати дома, туку и по тоа како се менуваше мојот лик кога брат ми и јас ќе се погодевме случајно во иста соба, како си ги избегнувавме погледите, како ни се менуваше дишењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ја виде нејзината врамена фотографија при неговата прва посета на домот на дедо си, ја препозна и рече дека брат му му кажувал дека таа сега лежи в земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им кажав на чуварите дека брат ми мора да се преоблече, и тие нѐ пуштија внатре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа не сакала или не можела да поверува дека Макс е мртов, и постојано разговарала со него, едвај забележувајќи ги другите: сѐ поретко им го поставувала прашањето „Ви треба ли нешто?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се обидував да земам воздух, го слушав неговиот глас: „Те молам, не плачи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ме болеше насетувањето дека брат ми и јас се разделуваме, беше тоа прво сознавање дека тој и јас ќе тргнеме по одделни патишта и таа помисла болеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми раскажа дека браќата на Добрата Душичка, штом дознале за смртта на Макс, ја вратиле сестра си во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Имаш некој динар, педер?“ беше прашањето по кое знаеше дека таа вечер излегува со девојката, а кога ќе го прашаше: „Кога си утре на училиште? “, знаеше дека брат му сака да ја донесе дома и да бидат сами, за да водат љубов наутро во собата која ја делеа двајцата, додека тој е на училиште, а неговите се на работа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нема да ви зборувам како го минавме Широк Сокак, само ќе ви кажам дека тоа беше многу чудно одење, секој би рекол дека брат ми ме водеше баш како пес врзан за него со невидлив синџир.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А сепак, Симон морал да знае дека брат му му ја дал онаа плата за чувар на трансформаторот. Тоа морало да го мачи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Митре служи во српската војска на Соколот, на доглед на својата куќа, на своето село, а ништо не знае за своите, а уште помалку дека брат му Петре стои против него, на дваесетина триесет метри во бугарските окопи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како ова на пример: „Не ти се чини дека брат ти си игра некоја игра на пренадуван балон?!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но веднаш побрзав да се коригирам: „Не сфатив точно како се случи тоа и зошто, но пред неколку моменти навистина помислив дека брат ми ме бара“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некој му рекол на Милошевски дека манукот на ќерка му е едно обично шпионче, и дека братот на неговиот директорот, другарот од УДБА можел убаво да го подисплаши, се разбира ако го повика кај себе и му укаже дека младото девојче што го има заведено е ќерка на свештено лице, угледен граѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас му кажав дека еден наш млад партизан загина на Плетвар и дека бидејќи претходно имаше земено ќебе од Германците, всушност, само за еден ден, ми го даде неговото домашно килимче за спомен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Црномурестото момче ми вели: Знаете ли, ова килимче го познав зашто го ткаеше мајка ми, а јас дури сега разбрав дека брат ми загинал!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си ветив себеси: кога ќе се врати нема веќе никогаш да го нервирам и ќе му бидам најдобрата и најпо-слушната сестра на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Смееш – одговорив, иако знаев дека брат ми ќе збесне од лутина кога ќе види, бидејќи атласот е негов, но го користам и јас понекогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не разбрав. Поим не сум имала дека брат ми се движи во такви друштва. Тоа ми се стори многу опасно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што се однесува до дрогите, тука сум немоќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Немој, бато, те молам! Не прави глупости, оние луѓе крај огнот, не знаеш ти колку страшни изгледаа тие! Можете да настрадате!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа долго патувавме со помош на црвените линии што ги исцртувавме од место до место, од град до град, преку планини, мориња и океани. Каде сѐ не бевме!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Игбал – викнав – Игбал, уште си тука?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
НАЈУБАВИОТ ПРСТЕН ОД ОХРИД
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не! – реков кратко и решително, и се изненадив дека брат ми ми поверува и веднаш излезе од собата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И затоа бев задоволна од моето најдетално истажување, оти и тоа покажа дека брат ми уште нема скршнато од патот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но уште посреќна што сфатив дека брат ми мислел на мене во Лондон, а јас глупавата, се плашев сосема да не ме заборави, па и да не остане таму за секогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сетив на телепатијата, ама истовремено се сетив дека брат ми не е Игбал, па да знае да разговара со мене преку мисли и уште повеќе се растажив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)