дека (сврз.) - висина (имн.)

Имајќи предвид дека висината на сите три надоместоци е пониска од висината на платата, следствено, новото законско решение значи и намалување на висината на идната пензија на корисниците на овие надоместоци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Заслужува да биде спомнато и тоа дека висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност од 2004 година се 79 определува врз основа на просечната месечна нето плата на работникот во последните 24 месеци пред престанокот на работниот однос наместо во последните 12 месеци, како што беше согласно претходно важечките одредби (чл. 12, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до одредбите кои се однесуваат на надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на хендикепирано дете, ЗСЗ (1997) пропишуваше дека висината на овој надоместок треба да изнесува 30% од просечната плата, а придонесите и другите обврски да се пресметуваат и наплатуваат во висина од 50% од основицата предвидена со Законот за пензиското и инвалидското осигурување (чл. 33, ЗСЗ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)