дека (сврз.) - вистина (имн.)

За пари клети, продава лага како тајна, дека вистината веќе на вратите чука.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Дури и кога бев највоодушевен од Трактатот, не го прифаќав во потполност авторовото тврдење дека вистината на сите таму изнесени вистини е „непобивлива и дефинитивна”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Книгата завршува со многу цитираната реченица: „Wovon man nicht sprechen kann darüber muss man schweigen” (За она за што не може да се зборува, за тоа треба да се молчи).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако го направев тоа, сигурна сум дека вистината во која денеска двајцата се давиме ќе беше поинаква.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овој репрезентационализам не може да биде прилагоден или со прагматистичкото настојување дека вистината не е прашање на кореспонденција со интринсичната природа на реалноста, или со деконструкционистичкото отфрлање на она што Дерида го нарекува „метафизика на присуството“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Само една е вистината, - ми вели крајно убеден не само во тоа дека вистината е една, со што се согласувам, туку и дека една е оваа двојна вистина во која тој живее како во конечна вистина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се сметаше дека вистината е едно “откритие”, “aletheia”, едно откритие на поредок; дека светот, површно гледано, е хаотичен, но дека во основата се наоѓа некаков поредок што можеме да го откриеме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Некаде сум прочитал, ми се чини кај Јурсенар, дека човек што страсно ја сака вистината или барем точноста, многу често може да забележи, како Пилат, дека вистината не е чиста и дека, најпосле, линијата на човечкиот живот не се состои од една хоризонтала и две вертикали, туку од три синусоиди извлечени во бескрај, постојано приближувајќи се и оддалечувајќи се меѓу себе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа и му одговара да пишува дека божем не постои една вистина, или дека вистината не е чиста, дека обидот за чист план се извлекувал, дека таквиот план, под чудни (чудни!) околности, се уривал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И не слутеше кутриот дека вистината веќе ја имам и во срцето, и во умот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, и пред тебе ќе ги повторам сите поединости од моето однесување во врска со настанов, и тоа по редоследот на случувањата! А ти, ислушај па пресуди...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тој ми вели: „Знаев, мајче, дека сум добредојден.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Иван му ветив дека лично ќе се заземам околу префрлувањето на пензијата на мајка му на негово име, а му ветив исто така дека ќе се распрашам под кои услови може да добие и стипендија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не се стеснував да му речам на момчето: „Ти, Иване, сета куќа имај ја за своја, а не само собата во која си сместен“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, кај водениците и во Бањи со Иван разговаравме за сешто, но овде, во градов, разговаравме најмногу за школувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој момент навистина помислив дека вистината може да се однесува и како напуштена љубовница.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Сепак, да го окончаме ова наше инаетење со заклучокот дека вистината што ти ја застапуваш може да се нарече и жарче што си осигурало убаво место во мангалот на спомените.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога неговите идеолошки противници, поради навредите на Де Гол, ќе побараат од него големиот филозоф да биде уапсен, прекалениот водач и војсководител ќе истакне дека вистината, не може да се апси, колку и да биде таа горка И започнав, на само една бела страница, да ја пишувам својата вистина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас мислам дека вистината беше во тоа што на колоната не ѝ се случи ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Веруваат дека вистината е светилка и ако ја окријат причината за изгаснатиот пламен мислат дека ќе откријат и кој го запалил!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И треба да сфатиш дека вистината нема само едно лице.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сакам да му речам уште и дека вистината не брза да зајде иако секогаш не зависи од нашата волја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Уште тогаш М.Ѓурев, беше помислил дека вистината не е како судбината на човекот, неа не можеш да ја покриеш со неколку лопати земја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
– Таа вели дека е вистина, ама дека вистината била разубавена. – Умно кажано! Кога ви го кажа тоа? – Откако се разболе!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)