дека (сврз.) - воздух (имн.)

Значи, откако ќе се уверев дека никој од автобусот не може да ме изненади, ќе направев еден, два, па некогаш и три круга околу “мојата” зграда, за да утврдам дека воздухот е сосема чист.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Знаев дека воздухот е отруен со иперит (и жабите се покриваа со пликови), додека многуте умирања на брегот беа предвидени како едно, мое.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаев дека воздухот е отруен со иперит (и жабите се покриваа со плускавци), додека многуте умирања на брегот беа предвидени како едно, мое.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)