дека (сврз.) - вол (имн.)

Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Меѓу себе зборуваа, па и се караа, за националните и за либералните, како секогаш, па дури и за водата се замераа, кој што повадил и колку потрошил, дали се искапил или испрал, дека волојте пијат повеќе од козите, или овците повеќе од кокошките, но сето тоа си остануваше нивно и меѓу нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа, после извесно време разбрал дека воловите му удрил некој гром тамо воловите негој кај шо орале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)