дека (сврз.) - волк (имн.)

Чанга, при првото читање, не претпоставуваше дека волкот ќе биде замешан во расказот. Но тој брзо се појави.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знаеш дека волците се секогаш гладни и ненаситни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Веруваше дека волците се повлекле, ја напуштиле опсадата на колибата, а сепак се плашеше сам да излезе пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, не се плашеше дека волците веќе се во близина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше убеден дека волците не се во состојба да му нанесат зло, освен ако се решат со денови да го држат во опсада, во што не веруваше, и најпаметно решение би било да седи затворен во колибата и да чека да помине ноќта, но нешто во него се креваше и го тераше да се стави во активна борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)