дека (сврз.) - војник (имн.)

Збунети жени трчаат нагоре-надолу. Викаат и лелекаат дека војници го запалиле селото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пречувствуваше, знаеше дека војникот е безобѕирен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ете го, оздола, Доксим Тренчески и оди по гумната, по вравовите и раскажува: - Чув, вели Доксим Тренчески, дека војниците умирале ко риби во пресушена река.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото сретнавме еден овчар и тој ни кажа дека војниците си заминале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеја дека војниците сепак ги сфаќаат и после сето познанство незгодно им е да употребат сила.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)