дека (сврз.) - време (имн.)

Намерно поставувајќи го во дневната соба, да ме потсетува дека времето брзо врви.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Психијатарот, ги крена рамениците, погледна кон часовникот за да биде сигурен дека времето предвидено за нивната сеанса заврши, а во мислите му се роеше идејата дека секогаш ќе има работа за таквите како него!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Стоев пред мама како вистински виновник.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама како да ѝ кажам дека времето ми поминало во правење автенце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Што ли прави ова дете без контрола?“ се фати за глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На Бродски не му е баш најјасно каде оди времето, А Стравински се сомнева дека времето потонува заедно со Венеција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тадури сега, под сенките на Сан Микеле, се вкрстуваат нивните времиња.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Петел кој веќе беше до својата кола и ја отвораше вратата, сфати дека времето истече.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Едиствен знак дека времето минува беше мрежата дамки од сенките на лисјата надвор во дворот, што се нишаше под нозете како на бродски под.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Замина и секретарот, уверен дека времето ќе го открие значењето на старите дефтери, но сомневајќи се во значењето што им го придаваше Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во 1948 година Кејџ беше повикан на Black Mountain колеџот да одржи фестивал и семинар на Сати-евата музика што му овозможи, претставувајќи го Сати, да ги афирмира сопствените ставови околу проблемот на времето во музиката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Деперсонализацијата на композиторовата улога и самоорганизацијата на структурата имаа за цел ослободување на звуците од било чии емоции, идеи, намери, проекции, а не автоматизација на композиторовата постапка, како што често погрешно се толкуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сати и Веберн за Кејџ беа единствени композитори од западната традиција кои ја сфатија важноста на временската димензија во музиката; првиот, со ставот дека времето е рамка која треба да се исполни (со тонови), а вториот, со сензибилната организација на тоновите и паузите истакнувајќи го траењето како нивен заеднички параметар. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 173
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По извесно време, вистинскиот облик на таа фиока е надминат и како што ќе одминат децениите и вековите, нам ни се чини дека времето се стврдна и го зазеде тој облик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сметам дека времето на загубените вредности Мој Императоре продолжува да живурка:
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
До дополнително намалување на правата од работен однос дојде со бришењето на ст. 3 од чл. 105, кој нормираше дека времето на чекање на соодветно вработување на инвалидот на трудот изнесува најмногу до три години. (чл. 4 од ЗИДЗПИО/дек.13) 52 Закон за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ, 98/12.До дополнително намалување на правата од работен однос дојде со бришењето на ст. 3 од чл. 105, кој нормираше дека времето на чекање на соодветно вработување на инвалидот на трудот изнесува најмногу до три години. (чл. 4 од ЗИДЗПИО/дек.13) 52 Закон за пензиското и инвалидското осигурување, Сл. весник на РМ, 98/12.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дури себеси се сметам за внимателен и стрплив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А на ретките поединци неупатени во овие промени им потврдувам дека веќе и јас не се одлучувам тукутака на необмислени постапки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Точно е дека времето за летање ме има одминато.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во центарот на кафеаната имаше фонтана што без прекин шумолеше, а имаше за цел да ги потсети посетителите дека времето бргу минува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И на часовникот не гледам. Имам впечаток дека времето сѐ повеќе се смрачува, дека нѐ враќа назад.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На прагот од крајот на граѓанската војна во Грција, обележан со ужасниот пораз, заедно со сопругата Дитта, поттикнати од загрозата на помислата дека времето со текот се брише, се охрабривме да појдеме на пат со времето што одмина и, носејќи ја со себе и својата судбина и бележењата од живите искази на повеќе учесници во настаните и случувањата, тргнавме уште еднаш да ги изврвиме патиштата на нашето искоренување и раселување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оваа земја знае дека времето заладува, зимата предолго трае, плодовите гнијат, ти гладуваш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа земја знае за ветер, како после бурите облаците продолжуваат секое попладне да се собираат над рамницата, се здружуваат и пак се соединуваат, па повторно врне, и ова може да продолжи со недели.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Чевлите постојано ⥊ се влажни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секојпат кога чуварите ни велеа дека времето за прошетка во паркот е завршено и треба да се вратиме во своите соби во болницата, една девојка го прегрнуваше најблиското дрво легнувајќи на земја, и долго се бореше додека не ја одвоеја, врескајќи: „Јас сум сон на ова дрво!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа лежеше таму, и нешто во неа веруваше дека времето не е само бескрајно самоуништување, дека универзумот, сиот тој простор што се протега околу нас до точката непоимлива за нас, не е само една огромна касапница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нешто во неа веруваше дека е така, го знаев тоа по некоја нишка среде испреплетената истоштеност на нејзиниот глас, по невидливиот зрак отаде болката во нејзините очи; но мене тие зборови, кои во своите мисли ги изговарав со нејзиниот глас, сепак ми се враќаа со некакво подмолно, потсмешливо ехо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако ме одвоите од дрвово, тоа ќе престане да ме сонува и мене ќе ме снема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Предвреме појавените брчки на неговото чело, како и белите прамени покажуваа дека времето легнало на неговите години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се присети дека времето и љубовта секогаш не одат рака под рака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, Рада, која и самата почна да верува дека времето брише сѐ, приказната за својата голема тајна не ја ни отвори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден ден Шефот ме повика и ми рече дека време е да го свртам листот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дежурниот службеник во просторијата за посети влезе во кабината и ѝ даде знак на Деница дека времето за посета веќе е завршено.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не оставајќи ѝ време да реагира, ја повлече со левата рака, а десната ѝ ја стави околу вратот и му викна на Сатурн Волшебникот: – Одете си! Сатурн побегна избезумен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја погледна Херкулина. Таа го искористи моментот за да покаже кон својот рачен часовник и да го потсети дека времето за посета истекло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најнапред мора да се потсетиме на фактот дека времето за кое зборува Чинго е по многу свои белези слично на времето што го преживува Русија во текот на Првата светска војна, Револуцијата и контрареволуционерните напади врз неа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Преглед Верувам дека времето во коешто живееме и иднината што може да се согледа, се одредени со две големи струи: постмодерната и еколошкиот предизвик.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Понекогаш нурнувам во длабочината на мигот и добивам впечаток дека времето запрело.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
„Велат дека времето лечи сѐ. Но насмевките и солзите нејни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Велат дека времето лечи сѐ. Велат дека се заборава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тебе сѐ ти се чини дека времето, како што велат, на волшебен начин ќе измени сѐ за нас, а јас знам дека сето тоа е само палијатив, ако не и шарлатанство.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Старите луѓе имаат потреба да кажат нешто што знаат поради чувството дека времето во кое некое искуство можат да го пренесат им бега.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа епизода го подотрезни Еда, но помислата дека времето пред него изгледа бесконечно и содробувачко не го напушташе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нивната заемна проникнатост е повеќе од очигледна во ова проза.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Овој пат, еден од ликовите во неговата проза, неслучајно жена (неговата Муза, можеби?), ќе му ја шепне магичната формула, ќе ги пушти во етерот (електронски) безмалу пророчките зборови како лек за болест наречена минливост: „ми се чини дека времето е низа од реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување“ („Футролата“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Dites elle que Danilo la chercher, qu`elle m`appelle lorsqu`elle reviendra. Merci, ou revoir.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сега кога помислувам на тие саботни кога возбудена одев кај чичко Раде со книги што сум ги прочитала во минатата недела, а се враќав со куп „нови“, непрочитани, ми се чини дека времето е низа реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување; ако не, метлата на заборавот ги чисти од нашата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога – тој се појавува, не се насмевнува, зборува со нас, а ние забележуваме, а забележуваме дека и тој забележува на нас – дека времето минува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако требаше да ми потврди дека времето кај американскиот часовник е точно мерено, најчесто го покажуваше спротивното.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таму го чував четвртиот, Јапонецот со турско име, „Orient“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Сепак, твојата последна симпатија изгледа не успеа да ја убедиш дека времето е најдобар исцелител? - студено ѝ префрли Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Треперењето изразуваше несогласување но и страв од она мое тврдење дека времето е бескрајна празнина: и она време, во кое таа има намера да замине, а и другото, моето, во кое во тој момент ќе се наоѓам јас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ние ти доаѓаме нешто како калфи на неговите злочести но и добри дела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Зарем не сфаќаш - грубо го оттурнав со погледот – ги обвинуваш луѓето а тоа звучи како кога ќе речеш дека времето се мурти, може и да заврне, а нигде облаци или пак никој не ги забележал освен тебе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа навистина умееше да го избрише прозорецот со мрсна крпа а потоа да те турка да погледнеш за да утврдиш дека среде лето надвор паднала магла.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Речиси заедно со кифлите во слаткарницата влезе и Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Види, види - избувна Јана - уште малку па да нè убедиш дека времето е истовремено и злосторник, и спасител па дури и утешител!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не очекуваше дека времето ненадејно ќе се расипе.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Другите пак слепо веруваат дека времето ќе помогне да се остварат нивните можеби и добри намери.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пишувањето ми стануваше долга литанија на упорно трпение и чекање со надеж дека времето ќе ги отвори портите на враќањето на починатиот дел од семејството, на новите придружници на патот на егзилот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира, добри мои, секому му е јасно дека оваа мала приказна сака да ни каже дека треба да го цениме времето, дека времето тече, не чека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не бев ни свесна дека времето толку брзо минало.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Имаше право татко ми кога рече дека времето лета. Речиси и не почувствувавме кога минаа деновите без нив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вториот ден од панаѓурот, веќе вознемирен дека времето брзо поминува, а тој ништо не прави, кандиса некако еден од манастирските измеќари да остане на сергијата наместо него, колку тој да ѕирне лево и десно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа е огромно и бескрајно, а истовремено мало и ограничено, па се мери според она што ни се случува во него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми, кој е познат ѕвездочатец и ширум Кашмир надалеку прочуен мудрец, уште од раѓање ме има научено дека времето не се мери со часови, со денови и со години.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)