дека (сврз.) - господин (имн.)

Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сметам дека господинот Хајам акцентот го ставил на важно место, но на погрешен пат е кога се сомнева во искреноста и сериозноста на Алфред Хичкок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ооо, па не сум знаела дека господинот... - овој пат не го одржа ветувањето и му персираше со господине, со овие зборови сакаше да го поттикне да каже нешто повеќе за себе, што самата не го знаеше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ЛУКОВ: Што слушам? Треба ли ова да го разберам како знак дека господинот почнал да се вљубува?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Некои велат дека господинот Сенка живее длабоко под земја, движејќи се низ еден систем од специјално изградени засолништа („внатрешноста на Земјината топка е како швајцарско сирење за тој монструозен глушец - крал на дупките!“); други одмавнуваат со главите и велат: „Глупости, дури и нему му треба светлина!“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Тие мислеа дека вградувањето на железни прачки ќе ме одврати од намерата да летам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Отворено искажуваше сомневање дека господата во бели мантили ја искористиле грешката што ја сторила при обидот за премин во другото време за да вградат во нејзиното кревко тело железни прачки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)