дека (сврз.) - граница (имн.)

Се сеќавам на рокот што го имаа: да постават изложба не во излозите на улица, туку горе во зградата, за компанијата која се занимаваше со продажба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Јас заборавив дека тоа воопшто се случило. Тој не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Трите академски идеи кои навистина ме интересираат се: она што мојот учител (говорејќи за Сезан и кубизмот) го нарекуваше „ротирачко гледиште“; сугестијата на Марсел Дишан да се досегне Неможноста на доволно визуелна меморија за меморираниот впечаток да се пренесе од еден на друг сличен предмет; и Леонардовата идеја...дека границата на телото не е ниту дел од зафатеното тело ниту дел од околината на атмосферата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека есенцијализмот сугерира дека колективните идентитети како половиот, расниот и националниот, поседуваат јасно оцртани контури што опстојуваат без разлика на времето, конструктивистите сугерираат дека границите на сите идентитети се флуидни, оспорени и оспорливи, и непостојани во времето.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Им рече дека границата што треба да се постави меѓу двете држави, треба да води сметка за природните, економските и топографските карактеристики и услови: манастирот со околните населби прави природна географска целина со Албанија; да се има предвид дека манастирот со околните населби во времето на Отоманското царство се наоѓал во синорот на Корчанската каза; дека по укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година, Охрид и манастирот Свети Наум биле долго време потчинети на Драчката митрополија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кралската влада му упати на судот во Хаг нови документи: го достави писмото на австрискиот гроф Менсдорф упатено во 1913 година до својот министер на Конференцијата во Лондон, во кое стои дека границата меѓу Србија и Албанија да оди меѓу Свети Наум и Подградец...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А сега сознавам дека границите во мене, во било кој, тие огради на самољубивоста го запираат природниот проток на енергијата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дедо иронично забележуваше дека границите ќе го следат нашето семејство и на небото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Наспроти тоа, природата на пазарното стопанство - по дефиниција - претпоставува дека границите ќе исчезнат, бидејќи пазарното стопанство не може да функционира без непрекинато зголемување на кружењето на предметите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Добро, и да беше лага, дека границата беше затворена, штетата беше огромна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Следејќи ја Пелерин, може да се каже дека границите извршуваат неколку важни функции: 1) Диференцијација: - границите означуваат разлики, кои понатаму служат како основа за практикување на вклученост и исклученост; 2) Регулатори на внатрешниот простор: - просторот се создава не само преку повлекување на линија околу она што е внатре, туку и преку нагласување на она што треба да се разликува однадвор; 3) Простор на моќ: 25 - границата не е само место, туку и специфичен начин на покажување на моќ.22 3.1.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затоа, без претерување, 100 okno.mk можеме да кажеме дека границите на јазикот, вака или онака, служат како најдлабокиот разлог за појавата на изненадувањата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)