дека (сврз.) - дарба (имн.)

Ќе си поиграат поединците со ваквата дарба извесно време, а потоа наеднаш изненадени и самите ќе откријат дека дарбата ги напуштила, а некој, на кого дотогаш воопшто не му обраќале внимание наеднаш ќе се јави и бесрамно ќе објави оти токму тој е единствениот кој е надарен со поглед во иднината, и сите поранешни јунаци, избезумени, ќе слушнат дека тој, новиот, всушност ним им заповеда и дека бара од нив часкум да се свртат назад.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тој ме викна вечерта во одајата на укорите, и почна да ме бие веднаш, без збор, без прашање; бараше да му ја откријам тајната ука на виѓавање на невидливото, оти сметаше дека тоа е ука што се учи, а јас ја кријам; и пак ме биеше, а јас му велев дека благодет е тоа, дарба божја што Бог на смерните им ја дава и на горделивите им ја одзема, дека дарбата не се учи како писмото и краснописанието што се учат, дека и сочинувањето сказанија не се учи и дека тоа или го имаш или го немаш, како што човек или се раѓа или не се раѓа, а никогаш не се случува да се роди половина: само со тело или само со душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)