дека (сврз.) - девојка (имн.)

Долго јa гледа небаре сака да ги открие сите оние белези и црти што единствено се својствени на Циљка и уште еднаш да се увери дека девојката којa сега ја држи во својата прегратка навистина е нејзиното чедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури и сега му се чинеше сосем можно дека девојката, кога ќе се сврти и ќе го погледне, ќе се предомисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едната, многу поверојатна, беше дека девојката е агент на Полицијата на мислите, токму како што страхуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше повеќе сомневање дека девојката го шпионира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека свртуваше му текна дека девојката го одмина пред само три минути и дека ако потрча, веројатно би можел да ја стигне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се покажа дека девојката што му играше таа вечер е истата студентка кај која бил на гости во еден часот после полноќ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Грешката, чинам, лежеше многу понапред - се покажа дека девојките кои, со долна облека на столбовите во диското, се повикуваа, не беа никакви божици на плодноста, туку на згодноста.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Уште еднаш беше готов да го праша брата си дали е вистина дека девојката беше тука, но тогаш помислата за тортата, тој дел му стана поверодостоен, особено гровтачкиот одговор на Френк дека и тој сака торта без прелив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најпосле некако се примири, се испружи зад Митра сѐ уште со раката во пазувата и слушајќи ја мајка си како нешто вражи исо устата, влезе во еден мигновен денски сон: ја гледа Пелагија и не ѝ се верува дека девојката што ја гледа е нејзината пријателка, ја гледа на улица, на разминување, облечена во машки пљачки со широка војничка мандија Која ѝ ја одзема и последната женственост што зрачи од нејзините крупни црни очи, се разминува со неа а таа не дека не ја препознава, ја препознава, ама се прави како да не ја знае, Пелагија оди кон запрега на среде улица, скокнува во неа, го зема камшикот и ги фраснува коњите безмилосно, тие ги напнуваат вратовите и јурнуваат по патот што сега е покриен со дебел пласт снег.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)