дека (сврз.) - ден (имн.)

Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зошто да го комплицираме животот, ако ти недостасува некој јави му се, кажи му дека денот со него ти е поубав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакаш да видиш некого, нечекај да те покани, покани го на вкусна вечера, мирисите на домашно зготвени јадења секогаш не враќаат во младоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Татко смирено му рече на Камилски дека денот е пред нив, а зборовите нема каде да бегаат!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Работата го обзема, па не ни забележа дека денот одамна беше го минал пладнето и полека почна да се губи зад ридјето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Има моменти кога се гледам како дрво кренато на ридот, но знам дека денот си го бара својот долг, дека ситните потреби се сместени долу, во долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се сеќавам дека деновите пред да замине за Маказар, со работата бев стасала до проблемот на сакрализација и десакрализација на политичките водачи, тоа добро го паметам оти долго потоа тапкав во место, целосно бев дезорганизирана, како и секогаш кога го испраќав на пат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оној кобен октомври пред седум години, тој зборуваше дека денот кога договорот со Грција е ратификуван е еден од најсрамните денови во македонската историја.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И потем ми подаде рака, ми помогна да станам, да се наместам и потсуредам; го фрли шишето во една грмушка и јас дури тогаш видов дека сонцето беше паднало ниско, и дека денот полека почнал да гасне.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дека денот почнал да се куси.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во еден миг можеше просто да подлипне, кога откри дека денот веќе воопшто не мисли ниту минута повеќе да го чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тоа ти се чини дека сите луѓе се добри, дека денот е убав, дека цвеќињата поубаво цветаат, дека птиците поубаво пеат, а сонцето посилно свети.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Наеднаш, и самата изненадена, се свртува кон нас и објавува дека деновиве била прилично вознемирена бидејќи поверувала дека пролетва нема да се појави оној чифт желки во нашиот двор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)