дека (сврз.) - доблест (имн.)

Со сета своја жар и лутина тој нестрпливо ги прекинуваше и секогаш им ја кажуваше истата работа – дека секој може да се надмине себеси, па ако вистински посака и ако вистински верува, може да стане некој друг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затоа не веруваше и не се согласуваше со оние што малодушно, со сета слабост на човечката природа му велеа дека доблеста е тешка, а пороците лесни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш веруваше дека доблеста е во неговата верба во учењето на Гамалиел, кое беше постаро и повистинско и од законите на Мојсеј.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)