дека (сврз.) - договор (имн.)

Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Стечајниот управник донесува решение со кое констатира дека договорот за вработување на работникот престанал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судијата има право на годишен одмор во траење од 26 работни дена (чл. 72, ст.1sq и ст.5 од ЗСуд). 6.  Со денот на отворањето на стечајната постапка договорите за вработување склучени меѓу работникот и работодавецот- должник престануваат [по сила на закон].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, согласно ЗС од 2006 година, стечајниот управник донесува решение со кое констатира дека договорот за вработување на работникот престанал, а против ова решение не е дозволена жалба (чл. 166, ЗС/06).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)