дека (сврз.) - експерт (имн.)

Треба да се има предвид и фактот дека британските воени мисии биле задолжени за опсервирање и инволвирање само во воената ситуација и освен парцијални известувања за политичките цели на македонското политичко и воено раководство тие не се ангажирале на анализирање на политичката ситуација и дословно се придржувале кон директивата добиена од претпоставените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како што истакнува Сулзбергер, Маклин го изразил британското мислење, формирано врз основа на добиени извештаи "дека четири бригади" биле формирани од Грци во Југословенска Македонија, кои ја преминале границата и дека тие "биле организирани од Апостолски, а се претпоставувало, без докази, дека експерт на маршалот Тито, генералот Темпо, чие вистинско име е Вукмановиќ, имал удел во организирањето на трупите".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сигурно дека експертите во Форин офис имале огромна работа од мноштвото информации што пристигнувале да ги селектираат вистинските и да заземат „правилен“ став во однос на одредени настани или држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во одговорот даден на Маклин, претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, како што ја известува јавноста Сулзбергер, истакнал дека тој не може да премине преку фактот за лошата ситуација во Грција и дека ги "обвинува и ЕАМ и Владата на Папандреу за предизвикување криза, која се изроди во граѓанска војна", а едновремено се истакнува дека Тито дал уверување "оти грчките единици формирани ... во Јужна Југославија нема да бидат вклучени во граѓанската војна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)