дека (сврз.) - есен (имн.)

По полјаните веќе цутеше руенот. Штом ќе го видевме тоа доцно, нежно безмирисно цвеќе, знаевме дека есента веќе дошла.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Уште стигнувале гласови таму, во Скопје, дека есента постепено, ама сигурно отстапува пред зимата, сонцето сѐ помалку се задржувало на небото, ноќите станувале студени и долги, дечињата почнувале да се разболуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, како да дојде до тие податоци. Ѝ „светна“, дека есента имаше избори, а логиката велеше дека во избирачките списоци се наоѓаат имињата на сите нејзини жители.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)