дека (сврз.) - желба (имн.)

Без разлика дали унифицираното “јадро” е фикција или факт, Дерида признава дека желбата за еден таков ентитет е мошне реална, и токму врз тоа се заснова секое кажување, секој повик - вклучувајќи го и оној на литературата и философијата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Овде е заѕидан засекогаш. Се надевам дека желбата ќе ти се исполни.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Вистина? Еми добро де, шо е проблемо?“ „Нема проблем. мислам дека желбата шо си ја посакав преѓе веќе ми се оствари.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А и, воопшто, подозрив сум да не ги заменам описите со толкувања, конкретните предмети и практики со „опсенарски свет на ‘значења’“, да не би одбил така да ги согледам појавите онакви какви што се по себе, со сета нивна особеност, и да не го пренебрегнувам она што треба да се набљудува.113 Второ, кога психоаналитичките мислители го изнесуваат своето тврдење дека желбата го надминува идентитетот, главната цел, или главниот исход, е да се дестабилизира хетеросексуалниот идентитет, хетеросексуалноста да се ослободи од идентитетот – постапка чиј краен ефект не е да се поткопа, туку да се промовира и да се универзализира хетеросексуалноста.114 (Некои квир-теоретичари на сличен начин се повикуваат на психоанализата за да фрлат сомнеж врз стварноста на геј-сексуалната ориентација: исходот, меѓутоа, не е пресвртување на хетеросексистичкиот ефект, туку негово продлабочување.) Решавам да појдам по друг пат и да ги драматизирам границите на машкиот геј-идентитет така што ќе се занимавам со културните практики и животните искуства на самите геј-субјекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самоуките Ернст Лудвиг Кирхнер, Карл Шмит- Ротлуф, Ерик Хекел и Фриц Блејл се одважија на преврат во уметноста, кој делумно се објаснувал со нивната убеденост дека желбата во уметноста има предност над знаењето.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сѐ уште ја чувам таа корица како спомен и доказ дека желбите се исполнуваат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Психоаналитичка проста очигледност е, се разбира, дека желбата го надминува идентитетот, дека идентитетот не ја доловува и не може да ја долови безграничната игра на желбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)