дека (сврз.) - живот (имн.)

На сето тоа јас си велам: Не сум знаел дека животот има вакви визби.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знаев јас дека животот има смисла, умно се досетувам ни сам не знам поради што и сакам оваа мисла да ја запаметам за да ја запишам во белешките за моето животно дело.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ноќва, разбуден, не по паузата на вторите петли, туку уште пред првите, сфатив дека сум сонувал за една таква промена на судбината, за тоа дека животот е скалила кои се качуваат нагоре и кои слегуваат надолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наместо: од работа - дома, ќе биде: од работа - дома - па на шетање. (Таа сигурно мисли дека животот ќе ни се претвори во пеколни маки поради тоа што секојдневно би морале да го шетаме детето, па и суптилно ми напоменува дека сака да биде машко, рече - ќе мораме него да го шетаме).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не дека животот не познаваше врски како нивната, поентата беше во тоа дека тие беа осудени на неуспех, од прогон од етничките и верските заедници на кои им припаѓаа, до фрустрациите што ги доживуваа ако само малку погледнеа во заедничката иднина, сѐ до постојани криења и сѐ поголемите и подолгите лаги што мораа, и таа и тој, да ги плетат пред блиските, за да можат да се наоѓаат и да ја живеат својата интимна фантазија и својата сѐ пострасна љубов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Конечно, што значи да се каже дека животот истекува кога нашата мачка го прегризува оклопот внесувајќи метеж во мекото ткиво?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потем на кејот на Арно нагледно се уверуваш дека животот сепак истечува, без разлика во кое устие ќе заврши.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А само оние кои добро научиле дека животот трае одвратно долго знаат дека на лозарскиот полжав му треба цел еден ден да ја помине асфалтната улица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако веќе се знае дека животот е сон, времето може ли сонувач да биде?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ај нека е за Арно крај реката Арно во Пиза. Првин се прашуваш како тоа Арно се искачува до Пиза и си оставаш во главата место и за други прашања.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во слободното време, во крчмата на главниот плоштад, стотина метри од балконот на Јулија, ги вадат огледалцата од џебовите и гледаат како времето се прекшува во отсјајот, гледаат и си се прашуваат на кого ли личат тие во испрекршеното време.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
МИ СЕ ВРАТИ Ми се врати во сонот: задумана месечарка што ја опчекорила месечината и среде река си го лади последниот такт од танцот Ми се врати во песната: онемена песнопојка свечено истопорена пред ливадата сета послана со јајца од препелици Уште да му поверував на оној наш Калдерон кој утрово пред трафиката за весниици ме убедуваше дека животот е сон а понекогаш и песна.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
На почетокот изгледаше дека животот на Тимоти Лири ќе биде сосема вообичаен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од ова дело, тој ја задржал идејата дека животот е една низа од краткотрајни чинови, и затоа мораме до крај да го култивираме секој миг, барајќи го „не плодот на искуството, туку самото искуство”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Навистина, малку потешко ми паѓа кога гледам дека животот, оној што преостана, се претвори во исцрпувачка симултанка од стварносни трагедии и кичеви.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Токму тука, чувствуваме дека животот не е доволен, и дека треба животот да се премине.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прочитав кај Шимборска дека животот трае Неколку знаци со нокот оставени на песокта Ако побарав од спомнатата старица со бел кок Мислење за ова банално прашање Веројатно ќе изјавеше: Мојот живот уште не почнал!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Збор станува за тоа дека животот е протинање низ иглени уши Некој непознат нè држи цврсто за вратот нишани во увото на иглата и говори суво како да чита од Светото Писмо: Не дишете додека ве протинам приберете си го јазикот Цврсто затворете ги очите Протинањето подразбира гаснење на светлината Протинањето е патување низ мрак И не спомнувај го повеќе спокојството Мускулите нека спласнат Помислите нека исчезнат И заземете став на птица пред летнување Сѐ друго ќе биде запишано на вашата кожа со ваша крв.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Мислам мајка ми од тие причини сметаше дека таму каде што се луѓето таму се и неправдите - реков. - Веројатно - се согласи Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Содржината на романот „Додека трагав по татко ми“ ја раскажуваат нејзините херои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со овие постапки (мислам на толчениот лук со оцет и вода од сношти, како и на шеќердисаното слатко од утринава) дали посакував да се уверам дека животот продолжува со својот вообичаен тек?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Еднаш одамна и мајка ми ми рече дека таа лично животот го има ослободено од секаков вид вина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Кога си сам, се има впечаток дека животот е на друго место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Којзнае какви сѐ изненади може да ти приреди!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа, по правило, секогаш тој го избира вистинскиот момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Лукави се стапиците што животот ги поставува“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ИВАН - Немам причина да го обвинувам животот - му реков на Даскалов. –Можеби и затоа зашто не верувам дека животот располага со енергија која создава неправди па иако нам, на мене и на мајка ми, ни беше предодредена осаменоста - додадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека продолжува чекорењето на нашата навика и тогаш кога ќе утврдиме оти за некого од нашите сакани застанало времето? Не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа не значи дека делото е градено врз спротивставени или различни гледања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, животот одвреме навреме ќе им одреди на овие свои избраници кога да го изведат казнувањето и со какви средства.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Самиот ги создава, реков, а потоа му ги препраќа на нашиот ум!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Станува значи збор за водотек пополнуван од повеќе извори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нивна задача е да спроведуваат некои важни упатства и да ги штитат интересите на нарачателот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така, кога го разгледуваме предлогот дека животот е создаден со постојано раскажување и прераскажување на искуството, ние го разгледуваме процесот на „недетерминираност внатре во детерминираноста“, или на она што Герц (Geertz, 1986) го нарекува „копирање коешто создава“: Клучното прашање (невкусно и изведено од заблуда) го поставува Лајонел Трилинг (Lionel Trilling), естетичар од осумнаесеттиот век: - „Како се случи сите ние да почнеме како Оригинали а завршуваме како копии?“ - и открива ... одговор кој е изненадувачки уверлив: „Копирањето е тоа кое создава“. (стр. 380)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Последица од овие празнини, недоследности и контрадикторности е одредена недетерминираност во животот; токму тие празнини, недоследности и контрадикторности се она што ја поттикнува индивидуата активно да се ангажира во изведувањето на единствено значење или, како што вели Брунер (1990) во „создавањето-значење“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Свесноста е основен показател дека животот е присутен – потврди старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кој ќе запише дека живот сме точеле длабоко вжилени во прадедовата и дедовата земја на која премногу и сме биле верни?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Рече и повтори дека е родена пред осумдесет години, дека животот го проживеала во голема сиромаштија, освен овие десетина години откако се доселија тука и отворија фарма за гоење телиња и најголемиот дел од нивите ним секоја година по пат на наддавање им ги отстапува државата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кај муслиманите владеело општо мислење дека животот на четворицата гемиџии ќе биде поштеден како одговор на помилувањето што го извршил рускиот цар на убиецот на рускиот конзул Шчербин.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во едно доцно интервју изјави: “Мојот живот може да се сосредоточи во две болести: слепило и долговечност”, а во една песна во проза од 1981-та објаснува: “што е долговечност?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес повеќе пати рекол дека животот за него претставува товар и дека на смртта гледа како на добродојдено ослободување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа значи да не бидам во состојба да занемарам дека сум осуден на желбата да потонам во смртта а да не сум во состојба да потонам, и оттаму осуден да бидам и траам”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е ужасот на останување во човечко тело чиишто моќи слабеат, тоа е неколку децении долга несоница...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Суштината на ваквите учења е во тоа дека животот во овој свет ѝ служи на некоја повисока цел, која не е лесно да се одгатне, но која несомнено значи усовршување на човечката природа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако излезе од Гнездо, таа мајчински се грижеше за четиринаесет деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ја среќавав Клара, чувствував дека животот може да има смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веројатно духовниот дел на човекот – душата, треба да биде предмет на тоа воздигнување и облагородување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Можеби не сум најдобар актер на оние проклети штици – мрмори пијаниот баритон на Хорацио – но добро знам, како и великиот Сервантес, дека животот е една голема пиеса.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ле Клезио, за кој Французите велат дека е нивниот најголем жив писател, ќе напише дека животот е она што најмногу го заморува, но и дека најмногу е восхитен токму од него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во таквите утра, во таквите чувства, таа понекогаш помислуваше дека животот како песок ѝ истекува низ прстите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Времето за танцување помина, времето за љубовење помина и тој разбра дека веќе нема време за ништо, дека животот му се изменил, не по негова волја, туку по волјата на колективната судбина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мораше да си докаже дека животот ѝ е повеќе од концепт и некаква книжевна, вештачки конструирана атмосфера.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Оваа мудра поука му се допаднала на Крали Марко и тргнал да бара извор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа место Марко подигнал чешма која ја нарекле Маркова.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Знај дека животот е краток.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мораме да се помириме со тоа дека животот е само еден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеше да каже дека животот е прекрасен, само внимавај самиот да не си го направиш пекол.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, свесна сум дека животот отвора нови страници, нови предизвици.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Така е, моја драга внучке! Се чини дека животот честопати не искушува дали сме доволно силни сами да си го носиме крстот на судбината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знам дека животот ми висеше на конец, дека стоев на работ од бездната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И исто толку залагања околу тебе, за да договори кафе, по едно 17 пива испиени во 10 различни кафулиња по ул. „Македонија“ и пораки на мобилен на секоја минута дека, ете, тој е јаден, дека е беден, дека животот му е јаден и беден без тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не знам зошто мислам дека нештата ќе се променеа и дека животот ќе ѝ беше поинаков... ама знам дека таа сигурно ќе си останеше истата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми се стори дека животот со далечни звуци е премал дури да се стисне и во дланка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се намалував, гаснев - навистина ли ќе се обеси Сандре Самарија на греда? - и сѐ околу мене губеше вистинска големина, можеби и земјата што се плашеше од утрешниот ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не мораш да го разбереш и да го прифатиш ова што ти го кажувам, но запомни: слободата е слободно паѓање, самоубиство во мигот кога мислиш дека си вечен, кога мислиш дека животот го живееш онака како што секогаш си го посакувал, самоубиство без причини и последици, нешто како катарза што те исполнува со пркос и можеби затоа не бараш виновници и не осудуваш никого во тоа долго, долго паѓање што може да трае и само еден миг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тоа паѓање Авни е мала попатна станица која може и да не се забележи во приквечерината на твоето паметење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека во трпезаријата јадеа пита со спанаќ, госпоѓа Мариела се надоврза на приказната од филмот: „Мила моја Ема, јас доцна дознав дека животот е толку многу богат со пикантерии кои постојано се случуваат околу нас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од нејзините очи изгрева мајчинска Деница, чеда мои, им вели на децата и трепери грижно и ја печали нивната почит секојпат застаната спроти мене, исправена спроти мене, мамо, велат децата, слушај жено, велам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другите будалштини дека животот е краток и верна копија на сонот ги препознавам во нејзиниот силен глас но отпосле, години потоа низ песокот на истеченото време и за да ја стиши мојата возбуда, пресметано и смерно, ептен нежно ќе рече: не би го гребнала ни со мисла твоето достоинство, сигурно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дека животот е борба. Борба помеѓу доброто и злото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А таа, како родена повторно, не можеше да си прости што толку време му била верна и приврзана на слепиот маж не гледајќи дека животот и младоста ѝ бегаа и дека се ронат низ прстите годините преправајќи се дека сето тоа таа нормално го прима и доживува, прилагодувајќи ѝ се на судбината да живее со слеп маж и молејќи му се на бога да му го врати видот, да им го врати оној среќен живот што го имаа пред неговото ослепување.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гледаме дека животот и смртта се едно...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се потсетува на тоа што имаше чуено дека животот им е заемен, и му врви по испуканата кора со дланката, го жулка, како да го храбри да издржи, да не се дава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Ако, чедо“, му вели, „сите му ги крадеме деновите на бога кој колку што можеме, иако знаеме дека животот ни трае додека не ни догори свеќата што тој ни ја пали уште кога ќе се родиме...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се чудеше и тој, Иван. Се чудеше и веруваше дека животот ги брише луѓето од својот список зарад нивната меланхолија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Без да се предвидат сите стапици на многуте животни искушенија, многуте испреплеткани жили на очајот, недоразбирањата, изгубеноста и стравот на споулавеноста пред утрешниот ден, можеше да се верува дека животот е бескраен сончев простор во кој она што живее, дише расте е бесмртност и вечност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пријателе, рече, драг мој Кристапоре, земи го ова јапонско дрво старо близу еден век и чувај го да те потсетува дека животот може да се одржува и да и се противставува на злокобатадури и со последното жилче.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе го фрлам пиштолот, тоа ќе им биде гаранција дека животите не им се загрозени.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Учебниците по историја велат дека животот пред Револуцијата бил сосем поинаков од сегашниов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали од она што се сеќавате би можеле да кажете дека животот во 1925 бил подобар отколку што е сега, или полош ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си велев, го прави тоа за да има чувство дека животот така станува подолг и дека надокнадува нешто што изгубил и, особено, за да не му избега ништо од вниманието кога беше во прашање моето движење.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Илко ќе подречеше: - Мудрецот од Калкута велеше дека животот ни зависи од должината на душата: постојат куси души, средни души и долги души; оние што умираат средовечни - имаат средна душа; оние што умираат стари - имаат долга душа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мајката на Марија насетуваше дека животот на ќерка ѝ тргнал на лошо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Таа утринава ми рече дека животот и не е ништо друго туку само прошетка низ болките и радостите на ретките убавини што ни ги носи љубовта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И вие, почитуван Леко, како и другарите од Народниот суд, не пројавувате ни најмалку желба да сфатите дека животот за кој зборуваме се случуваше и поминуваше одовде во најбурните времиња за Балканот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навистина се трудам да го прикажам како вистинито она тврдење дека животот ги казнува брзите кучки слепи да раѓаат. (Но како да ги ускладам овие потврдени искуства со досегашните мои сознанија дека животот постојано ме испреварува а јас никако да го престигнам?) Роза ме чекаше во најзатскриеното ќуше на кафеаната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Гледајќи го како си заминува помислив дека животот исчезнува на сличен начин како и сликите од нашите соништа“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сакам да му речам на Борко дека животот не е сосема некоректен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа време како намерно да нѐ соочува еден со друг, еден во друг зошто внатре другиот сме го замрзнале, а сега таа негова слика се крши, се двои на два различни лика (уште повеќе ако имаме заедничка фотографија, станува толку видливо дека животот е подолг и посложен од миговите складирани во фотографии).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Тоа беше Киш - се насмеа Надица кога ѝ кажав за телефонскиот повик. – Чудно ти е?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Изгледа самиот си сугерира дека животот е задолжен да пронаоѓа начини како да ги исполнува неговите желби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А покрај тоа побрза да го изрече и впечатокот дека животот му помага сликовито да ги прикажува своите замисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека сите додатни објаснувања на Соња Пазарџиева имаа за цел да ме уверат дека сум прокоцкал убава шанса, но дека животот без тие непредвидливи околности ги губел изненадувачките својства, а спомнатата Соња, ја сфаќала во прилична мерка мојата природа, знаела дека јас не сум спремен да го изберам сивилото како основна боја за моето секојдневие.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам на белината на хартијата; и на тоа дека животот сепак е само тесто.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според неговите сознанија, животот се наоѓа во пореметена состојба, а лично тој беше повиканиот што треба да ја спроведе сложената терапија на неговото заздравување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знаеш, иако имам прочитано повеќе од тебе, сепак знам дека животот е побогат од книгите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да знаел дека животот ќе го самува по планиње, па уште како дете научил да свири на кавал поубаво од секој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Час веруваше дека животот е создаден само за тоа да нѐ тревожи, да ни ги брои грешните чекори, час ќе истрчаше пред тој ист живот како прле пред магаре.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И сѐ уште постојат луѓе кои тврдат дека животот не е вреден да се живее!“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Господине, Јас знам дека животот може да ни донесе најнеобични коинциденции, но не верував дека тоа што ми се случи е просто возможно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Следи сопствени чувства, интуиција,следи се себе, заборави на се што си прочитал, дека паметен човек прави стратегија, дека животот е школа на препис.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
И се пристори дека животот и личи на грст песок: некој го зеде в дланка и го мери, го превртува, го префрлува и го отсејyвa низ прсти...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ми ми шепна дека животите на главните јунаци од филмот се многу трагични и дека е тажно сето тоа што им се случува, а мене ми се чинеше дека малку претерува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Овој, човек, си реков, е типичен пример за еден од оние кои обожаваат да им прават интриги на своите конкурентни другари, на кои веројатно цел живот им прават лице дека животот би го дале за нив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ми велеше како сум му единствена надеж, дека животот му нема смисла без мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)