дека (сврз.) - задача (имн.)

Сметам дека задача на феминистот како критички настроен интелектуалец е да му одолее на рекодирањето на субјектот во/како уште еден суверен, себе-претставувачки ентитет, и наместо тоа, да има храброст да се соочи со комплексноста, разликите, и апсолутното исчезнување на монолитните шеми на мислење.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Размислував интензивно додека ги следев забрзаните чекори на иследникот додека го правеше оној полукруг низ собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)