дека (сврз.) - избор (имн.)

Меѓу селаните настава џагор. Им се виде дека изборот на дедот поп е одличен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој беше свесен дека изборот на (безопасните) балкански ориентализми што го правеше со Климент Камилски, ќе можеше, покрај другото, да послужи за показ на балканските ориенталисти и балканолози да трагаат по тоталитетот на балканскиот историски процес што нему тешко му успеваше во неговата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа, впрочем, и реши да оди на поширок избор од замислениот и предвидениот со Камилски, особено во доменот на заемките во администрацијата, повеќе присутни во народната литература и големите реалистички романи посветени на османскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мојата жена? Мајката? Делфинот? - ...и секој се храбри дека изборот е негов, но јас, Хорацио Цвикало, ти велам – миличок, улогата е веќе напишана... и веќе многумина ја одиграле пред тебе, и ќе ја одиграат по тебе... сите ние ќе се вртиме во иднината!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дури и да ме пофалат дека сум направил прекрасен избор, (мислам на местото за починка на мајка ми), нема да објаснувам дека изборот не сум го сторил јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не се во прашање евентуалните пофалби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Особено го повредува службеното постоунволско вјерују дека геј-мажите воопшто не се различни од никого друг, дека изборот на сексуалниот објект нема никаква врска со родовиот стил, дека геј-сексуалноста не е сврзана со женственоста и дека хомосексуалноста е сексуална ориентација, а не култура или поткултура. ‌Што, несомнено, е причината поради која мојот предмет предизвика толку многу противност кај многумина геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и 14 Margina #21 [1995] | okno.mk противниците на Хичкок се согласуваат дека треба да му се додели титула за најдобар техничар на светот, но дали тие сфаќаат дека изборот на сценаријата, нивната изработка и сета нивна содржина се тесно поврзани со оваа техника и дека зависат од неа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)