дека (сврз.) - историја (имн.)

А дека историјата на јужнословенските простори не се состои само во крвопролевање туку има и свои снажни духовни генератори (сепак преслаби во досегашните одмерувања со антирационалистичките принципи на „крвта и тлото”) еден од доказите е токму и Слободан Благоевиќ, еден од најмоќните интелектуалци на Балканот воопшто, и узор дека ни се потребни поинакви модели за херојство, имено „херои на внатрешните простори”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Свесни дека историјата на уметноста не е историја на различни форми на појавност туку историја на означувачи, ние бараме на оваа РАЗЛИЧНОСТ да ѝ се даде име.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко беше убеден, како и Камилски, обележан со картезијанскиот дух на париска Сорбона, со неговата теза дека историјата не би требало апсолутно да биде во служба на метафизиката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повторно помислува дека историјата е само еден бескраен след на жртви, меѓу кои по необјаснивата волја на Севишниот се вбројува и оној што, еве сега, се жртвува со експлозивна направа, и оние невини луѓе во автобусот во кој ја активираше, како и самиот тој, невиниот рабин Елеазар бен Цви, кој ете ни на крајот, сега додека умира, со последниот атом на свеста не може да го сфати цинизмот на историјата, ненадејноста на збиднувањето и непредвидливоста на искуството, зашто целиот живот невино верува дека не е нужно да се помине низ искуството, да се проверат нештата за да се прифатат од друг дадените заклучоци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вистина е дека историјата ги избира своите херои, но таа и немилосрдно ги отфрлува, во неизвесните меандри на минливоста, на неумоливата фаталност на владеењето. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Борхес со право нагласуваше дека историјата на човештвото се крие во две три метафори по кои вечно се трага во науката и уметноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како ја гледате иднината на Европа и на глобализацијата? Пред сѐ, не сум сигурен дека постмодернитетот е погоден за глобализација.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ние само веруваме во тоа дека историјата е сукцесија на настани без однапред дадена насока.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека тие веруваа дека историјата има цел, дека постои прогрес, ние во тоа веќе не веруваме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Остануваше засекогаш уверен дека историјата ја пишуваат секогаш само победниците, од страв од реванш, пораз.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
10. И малите деца знаат дека се сонува и на исток и на запад И дека тие соништа напати галежно се допираат И си шепотат нешто што нема никаква врска со јавето Оти во јавето нема источно-западни галежни допири Има купишта лажни насмевки на недоветни главатари Заскитани и којзнае како стасани на врвоите на власта Лебдечки главатари со прилично празни глави Кои служат како очевидна потврда Дека некој може да стаса на врвот без да се искачува Главатари тапкароши на евтини прирачници по светска демократија Главатари кои се најочигледен историски доказ Дека она што поминало не се враќа Зашто ако беше поинаку сетики ќе се најдеше некој Кој барем од далеку ќе заличеше на Рузвелт Черчил или Сталин А зошто не на Тито или Де Гол Море викајте вие што сакате Ама ќе да беше во право оној Маркс од пабот Спанниардс Инн во Лондон Кога еднаш рече дека историјата се повторувала како фарса И викајте вие што сакате Ама од секој руски и американски вселенски брод Со голо око може да се види дека источните сонови Некако поинаку лебдат од западните За кои на исток велат дека емпириски утврдиле Дека воопшто немаат никаква сонувачка специфична тежина Толку што биле сурови реалисти западните сонувачи Источните сонувачи многу сакаат да си ги фарбаат соновите во разни бои И секој знае дека на најстраствените сонови им личи црвената боја
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Паметам, кога одевме на училиште, како еден од професорите постојано тврдеше дека историјата не се повторува“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Со ова што го рече сакаш да ме увериш дека не веруваш оти во Русија сè било толку црно како што тоа го тврдеше пропагандата!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога откриваше како Игор Лозински се справува со историјата, Татко добиваше аргументи за својата мисла дека историјата не ги совладува силните личности, кои успеваат по цена на силни страдања и издржливост во минатото да ја насетат оракулата на иднината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Напати, преовладуваше уверувањето дека историјата на човекот е всушност остварување на сонот за слободата, да се дојде до совршен политички поредок на внатрешен план.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така, може слободно да се каже дека историјата на преселбата на нашето семејство беше и епопеја на преселбата на Татковите и на малкуте Мајкини книги, историја на минувањето на балканските граници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
IX Може слободно да се рече дека историјата на животот на Мајка, откако нѐ роди, беше најмногу составена од идентични настани што подразбираа постојана заложба да ги спасува нашите животи на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Следната (школа, тврди), дека историјата на универзумот - и во неа нашите животи и најситните поединости од нашите животи - е писмо кое го создава некој понизок бог со цел да се разбере со ѓаволот. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 14
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Следната, дека вселената може да се спореди со оние криптограмски записи во кои нема секој симбол некоја вредност...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)